СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Поранешен банкар на „Голдман Сакс“ доаѓа на чело на Би-Би-Си

Велика Британија ќе го назначи Ричард Шарп, поранешен банкар на „Голдман Сакс“, за следен шеф на јавниот сервис Би-Би-Си, објави денес „Скај Њуз“.

Шарп до неодамна работел како советник на британскиот министер за финансии, Риши Сунака, според телевизијата, и додава дека ќе го наследи Дејвид Клементи, поранешниот заменик гувернер на Банката на Англија, кој ќе ја напушти функцијата следниот месец по четиригодишен мандат.

Ројтерс, цитирајќи ја оваа вест, забележува дека Би-Би-Си се соочува со прашањето за идното финансирање и неговата намена, бидејќи гледачите сè повеќе се свртуваат кон конкурентите.

Новиот претседател на компанијата ќе се приклучи на менаџерскиот тим на Би-Би-Си во време кога овој радиодифузер се соочува со една од најголемите закани откако е основана пред 98 години, а се однесува на неговата иднина.

Претседателот на компанијата, кого кралицата официјално го назначува на предлог на владата, е одговорен за зачувување и заштита на независноста на Би-Би-Си, која се финансира врз основа на задолжителна претплата што ја плаќа секое домаќинство за да гледа ТВ-програми.

Премиерот Борис Џонсон изрази скептицизам во врска со оваа претплата во време кога ТВ публиката на Би-Би-Си се намалува и популарноста на стриминг услугите од компании како „Нетфликс“ расте.

Анализата и предлогот за финансирање на британскиот јавен сервис треба да се направат до 2022 година, кога кралската повелба на Би-Би-Си треба да се обнови за периодот до 2027 година.

Поврзани вести

Европски земји заинтересирани за изградба на „Северен тек 2“

Влатко Зорба

Џек Ма: Кинескиот тајкун кога короната го направи среќен

msp-admin

Бајден се откажува од санкциите за „Северен тек 2“