СТАНДАРД life
ПРЕТПРИЕМАЧ

Јаневски: Пандемијата ги покажа слабите страни на македонскиот туристички сектор

Ако сакаме да ги опишеме состојбите во туристичкиот сектор во 2020 година тоа би го направил со споделување на повеќе статистички податоци односно – помала посета од една милијарда туристи во Европа со пад од 68% за 2020 година. Воздушниот сообраќај загуби 56 милијарди долари ограничувајки ги летовите на само 10% споредбено од 2019 година и со губење на повеќе од 190.000 работни места враќајки се во состојба од пред триесет години односно 1990 година. Македонскиот туристички сектор забележува пад од 60,8% туристи и 48% остварени ноќевања во годината кога домашните туристи доминираа во нашите дестинации, вели директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски во разговор за „Стандард“.

Воедно, според него, во годината која замина поради падемијата која не затекна и рестрикциите кои ни ги наложи, немаше можност да имаме туризам туку функционирање на секторот под протоколи и прилагодување со моменталната состојба во дестинациите со САРС ков 2 вирусот. Кога ќе ја сумираме годината која е зад нас Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот беше на висината од својата задача создавајки го кординативното тело во туризмот во кое членуваа сите комори, асоцијации и здруженија, носејќи ги заедно сите четири сетови на мерки за помош во туризмот и фондот за туризам во кој влеа 58 милиони денари од својот буџет, вели Јаневски.

-Агенцијата ја отпочна кампањата #домасиедома заедно со ИМЕ Програмата на Швајцарската амбасада израснувајки во досега најуспешната туристичка кампања за домашни туристи. Отворање на зелени коридори со Србија, Косово и Албанија за брз трансвер на патници овозможувајки повеќе туристички посети и градење на можности за вклучување на повеќе земји од балканот, смета тој.

За новата авио линија Киев – Скопје изјави дека го постигнале до скоро невозможното и очекува се повеќе туристи од Украина, Молдавија и Белорусија во нашите зимски центри.

-Доколку пандемијата дозволува првите чартери од Украина се очекуваат во почетокот на месец јуни. Зацртаните цели во почетокот на пандемијата кои тогаш изгледаа премногу далечни сега веќе се блиски и остварливи. Туризмот е како партија шах и многу потези веднаш не се стратегиски јасни, па токму затоа често бевме напаѓани, но ублажувањето на падот со туристичките ваучери и фокусирањето на домашниот пазар преставуваат клучни елементи за ублажувањето на негативните резултати во туристичкиот сектор. Ова не е возможно да се постигне без заедничка работа на сите чинители во туризмот, а посебно сум горд на колегите во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот кои во екот на ограничувања и пандемија храбро работеа на терен создавајки ја кампањата #домасиедома која по многу нешта израсна во многу повеќе, истакна директорот на АППТ.

Посочи дека пандемијата дијаметрално ги изместила интересите на туристите во многу мал временски период, кој создаде потреба од патување во мали групи и посета на еко дестинации, национални паркови, рурални средини практикувајки активни форми на туристички содржини.

-Безбедноста во дестинацијата, малите сместувачки капацитети, индивидуални куќи , приватни сместувачки капацитети и применување на протоколите од давателите на услуги се најголеми причини за посета на дестинацијата. Поради ова, националните паркови, руралните средини и дестинациите кои располагаат со одлични природни ресурси забележаат раст на туристите и повеќе од пет пати споредбено со 2019 година покажувајки каде ќе се движи туристичкиот сектор во следните пет години. Дијаметрално на оваа состојба огромен пад доживеаа градските хотели кои се темелат на бизнис патувања и организирани групни посети работејки со 10% од својот капацитет како и туроператорите поради неможноста за патувања, изјави тоја за „Стандард“.

Во однос на домашните зимски ски центри Маврово, Попова Шапка, Крушево и Пелистер, вели дека функционираат под посебни протоколи и се исполнети до крајот на месец јануари.

-Првиот викенд од оваа година е забележана најголемата продажба на ски билети во Попова Шапка за последните три години, а се очекува и пуштање во употреба на новиот шесто-сед што ќе овозможи повеќе скијачи на терените и гости од регионот. Овие можности треба да се искористат со поголеми вложувања во македонските ски центри и нивна модернизација со што ќе станат повеќе конкурентни на регионалните привлекувајки неколку пати поголем број на туристи, посочи Јаневски.

Сепак, продолжува тој, пандемијата ги покажа и „слабите страни на македонскиот туристички сектор“ кој низ годините се базирал на квантитет и висока сезоналност занемарувајки ја латералноста и рамномерниот развој на дестинациите.

-Малите вложувања во развојот на руралниот, екотуризмот, националните паркови, новите атракции и алтернативните форми на туристички понуди создаваат неможност во вакви услови да се менаџира со дестинациите поради преголем број на туристи . Се ова надополнето со потребните законски регулирања на секторот отвора голем број на предизвици со кои треба да се избориме во наредните две до три години излегувајки од пандемијата како туристичка дестинација која ќе понуди различен пристап и перцепција на слободните патувачи кои ќе бидат се почести, тврди директорот.

Во новата 2021 година вели дека многу нешта ги планираат мудро, со повеќе искуства од предходната, таргетирајќи го регионот како примарен пазар од кој очекуваме гости од полскиот, турскиот и холандскиот пазар во зависност од можноста и ограничувањата на патувања.

-Оваа година ќе биде во знакот на трката со вакцинацијата и отпочнување на економското заздравување и очекувам минусот во туристичкиот сектор кај нас да биде помал од 2020 година. Очекувам повторно поголемиот број на туристи и остварени ноќевања да бидат од домашните туристи и многу поголем удел на странските кои се очекуваат во втората половина од годината. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе продолжи со кампањата #домасиедома, активно ќе учествува со промоцијата на Македонија како туристичка дестинација, #alliNMacedonia со 100% online промоција, социјални медиуми, блогери, влогери, 360 видео материјали и учество на најпрестижните саемски манифестации за туризам. Создавање на фото брошура преку која ќе се прикажат најубавите фотографии на туристите кои не’ посетиле и ги споделиле на социјалните медиуми, повеќе електронски изданија „Скопје градот на солидарноста“, педесет најпосетувани музеи во Македонија и проекти кои ќе откријат нови атракции и овозможат туристички валоризации на 10 најпосетувани врвови од туристите. Агенцијата за промоција ќе започне со градење на „Смарт Туризам“ кој во многу брзо време ќе стане основа за секое туристичко патување. Многу планови преточени во програмата на АППТ за 2021 година и предизвици со буџетот кој е на располагање за да се постигне се што е планирано, додава директорот Јаневски.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот јасно ги поставила своите стратегиски цели за 2021 година со достигнување на бројката од 2,3 милиони остварени ноќевања и 250 милиони долари прилив од туризмот во македонската економија. За следните три години се планира да се вратиме на резултатите од 2019 година, а 2025 година да оствариме повеќе од 4,5 милиони ноќевања и половина милијарда долари директен финансиски удел во македонската економија.

-Пред неколку месеци бев запрашан какво треба да биде заздравувањето на македонскиот туризам после корона-кризата? Тоа треба да биде зелено и одржливо создавајки локален економски развој, услови за нови зелени работни места и шанса на младите да создаваат индина во родните места практукувајки рурален и екотуризам, истакна Јаневски.

А.В.

Поврзани вести

Јосифовски: Единствен бенефит од „to go“ е што вработените наместо да седат дома, дремат во угостителските објекти

Влатко Зорба

Муратовска: Посакувам во 2021 година да нема мито и корупција по главните транспортни коридори

Влатко Зорба

Илијевски: Измените на законот за игри на среќа ќе стават крај на легалното спортско обложување

Влатко Зорба