СТАНДАРД life
ПРЕТПРИЕМАЧ

Симуновски, експерт за криптовалути: Физичките фиат валути ќе исчезнат за 15 години

Сигурен сум дека физичките фиат валути ќе исчезнат за 15тина години, фиат валутите ќе бидат дигитализирани, а криптовалутите заедно со блокчејнот  ќе останат во иднината во симбиоза со централната фиат валута. Затоа што  заедно си требаат, еден на друг, за успешна економска политика, вели Дарко Симуновски, инвеститор и познавач на состојбите со криптовалутите во интервју за „Стандард“.

Тој вели дека криптовалутите се нова економска реалност за која ќе треба подолго време за да се прифати.

-Многу пати бевме сведоци како луѓето потешко ги прифаќаат технолошките промени  како појавата на интернет електронските платежни трансфери, а во овој случај, креирање на нова економска реалност. Во една таква ситуација нормално е да има и скептици. Успешните менаџери од некои фирми ја видоа оваа ретка можност за инвестирање, тие купуваат и ќе продолжат со купување на Биткоин, објаснува инвеститор и познавач на криптовалути.

Според Симуновски секој кој што сака да инвестира во „копањето“ на криптовалути тоа треба да го направи разумно во однос со своите можности.

– Јас секогаш им кажувам на моите клиенти да не одат, се во едно, туку да инвестираат паметно, онолку колку што може да си дозволат  и инвестиците да ги поделат во недвижности, злато, купување акции и секако криптовалути. Не можете да очекувате да се збогатите само ако чекате од плата или пензија, вели тој.

Криптовалутите веќе подолг период ги окупираат медиумите. Едни ги нарекуваат моментален тренд и несигурна инвестиција, додека некои големи корпорации веќе купуваат „дигитални пари“ и ги користат како средства во размена. Ел Салвадор стана и првата земја во светот каде биткоинот ќе биде дозволен како платежно средство, па според вас, каде во моментов „стојат“ дигиталните средства и каква иднина им предвидувате?

Многу пати бевме сведоци како луѓето потешко ги прифаќаат технолошките промени  како појавата на интернет електронските платежни трансфери, а во овој случај, креирање на нова економска реалност. Во една таква ситуација нормално е да има и скептици. Успешните менаџери од некои фирми ја видоа оваа ретка можност за инвестирање, тие купуваат и ќе продолжат со купување на Биткоин. Затоа што вредноста на Биткоин е како дигитално злато. Прифаќањето на Биткоин во Ел Салвадор како 2ра  национална валута дефинитивно ќе ја појача микро и макро  економијата во Ел Салвадор. Затоа што Биткоинот и криптовалутите генерално важат за дефлационо средство (ограничен број 21мил Биткоини) за борба против инфлацијата во светот што верувам ќе биде засилена во наредните 2 години како ефект од корона кризата. Ел Салвадор ќе заработува од мајнирање Биткоин со вулканска енергија!!! Што е нешто невидено до сега. Финансискиот бенефит ќе го почувствуваат компании, лица и централната власт (банки, влада, државни резерви) сите. Се надевам што поскоро и Македонија ќе оди во насока на либерален маркет за криптовалутите и креирање на зелена зона за финтеч компании што би ја зголемиле ликвидноста на денарот, а со тоа стандардот во Македонија.

Додека во регионот веќе може да се тргува и купува со различни криптовалути, кај нас тие се уште се во доменот на непознатото за повеќето граѓани. Имате ли информации во колкав обем се тргува со криптовалути во земјава и кои се најпопуларни меѓу нашите граѓани?

Секаде и секој може да тргува со криптовалути.„Пир то пир“ за помалку од 2 секунди  со мнимални ниски провизии на трансакции. Мислам дека преку 25000 сметки се регистрирани од Македонија од кои преку 15000 се регистрирани на BINANCE.

Колкав е минималниот инивестиционен влог, во однос на опрема, доколку наши граѓани би сакале да започна со „копање“ на криптовалути?Колкави се месечните трошоци за електрична енергија?

ANTMINER S19 PRO ASICs .Овој рудар држи импресивен хашрат од 110 Th / s за потрошувачка на енергија од 3250w.Чини преку 13000е трошок за струја преку 300е месечноЗаработка со еден ваков мајнер преку 900е месчно (сегашна цена Биткоин)  = нето профит 600е  (во зависност од цена Биткоин).Сепак за мајнинг има др поискусни луѓе што може подетално да одговорат. Јас лично би мајнирал исклучиво со чиста енергија.

Проблемот со потрошувачката на електричната енергија при копањето криптовалути е глобален. Шефот на „Тесла“, Елон Маск се повлече од негово користење и деновиве изјави доколку добие потврда за разумна употреба (-50%) на чиста енергија од „рударите“, со позитивен тренд во иднина, компанијата ќе продолжи со трансакции со биткоин“.Како би можел да се реши овој проблем?

Само да ве потсетам Елон Маск во јануари купи Биткоини во вредност од 1.5 милијарди долари. (еден Биткоин 34700дол тогаш).Чистата енергија за рударење Биткоин е веќе преку 50% со затворањето на рудниците во Кина, тие истите ќе се префрлат во други држави на обновливи извори на енергија што процентот на чиста енергија би се качил преку 76%.Очекувам за скоро време Биткоин повторно да биде прифатен од Тесла како платежно средство.

Дали вие би му препорачале на некој граѓанин да земе (кредит) за да инвестира во криптовалути?Која е најдобрата апликација за купување криптовалути?

Јас секогаш им кажувам на моите клиенти да не одат, се во едно, туку да инвестираат паметно, онолку колку што може да си дозволат  и инвестиците да ги поделат во недвижности, злато, купување акции и секако криптовалути. Не можете да очекувате да се збогатите само ако чекате од плата или пензија. Криптовалути што би ги издвоил освен Биткоин секако се :ETH ,  BNB, VET, LINK, DOT, ADA, UNI, SOL и многу други што заслужуваат да бидат спомнати, сепак убавината на крипто маркетот е што е децентрализиран што значи голема конкуренција за квалитет, затоа што зад многу криптовалути стојат големи проекти и различна намена.

Неколку земји, меѓу кои и Кина забранија давање услуги поврзани со криптовалути. Забраната се однесува на работа со компании кои работат во областа на крипто-валути. Земјата веќе издаде своја дигитална валута, која ја поврза со јуанот. Оттука прашањето, дали дигиталните валути можат во иднина целосно да ги заменат криптовалутите?

Се уште официјално нема дигитален Јуан, дури кога би се случило тоа, нема да смени многу во  крипто пазарот.Криптовалутите се со одредена залиха која не се менува и тоа по себе ги прави дефлациони.Единствено крипто маркетот може да се  запре ако го исклучиме интернетот во светот.

„Биткоинот е високо шпекулативно средство кое се користи за некои чудни зделки и некои интересни и целосно неприфатливи активности за перење пари“, рече неодамна Претседателот на Европската централна банка, Кристин Лагард и побара негова регулација. Сметате ли дека крипто-пазарот треба да се стави во некакви „рамки“ или добро функционира како досега?

Биткоин веќе оддамна е утврден како дигитално злато. Регулативи во ЕУ веќе има 10% (или повеќе во зависност на држава) данок на добивка од крипто годишно. Нелегалните активности сега се ставени на минимум со сигурносните  мерки од 2019 и пред, односно потребна е лична документација за регистрација на официјална крипто менувачница, а блокчејнот е отворен извор на инфо. Нелегалните трансакции најчесто се во кеш.Оттука мислам дека цел свет ќе ги адптира криптовалутите и блокчејнот технологија во целина.

Можно ли е, според вас, во иднина целосно „искоренување“ на кешот и финансиските средства контролирани од банките и целосно префрлање на трансакции со криптовалути? Кои се придобивките од таков епилог?

Сигурен сум дека физичките фиат валути ќе исчезнат за 15тина години, фиат валутите ќе бидат дигитализирани, а криптовалутите заедно со блокчејнот  ќе останат во иднината во симбиоза со централната фиат валута. Затоа што  заедно си требаат, еден на друг, за успешна економска политика.

Високата волатилност на вредноста на крипто-средствата одбива многумина да се решат да инвестираат во нив. Многу фактори се покажаа како клучни за силните подеми и падови на цената, една од нив беше и одлуката на „Тесла“, па што треба да се случи за нивната цена да стане постабилна?

Денес крипто пазарот е само помалку од 2% за 10 годни сигурно ќе бидеме преку 25% што значи криптовалути ќе растат, тоа им е намената тие сами по себе се дефлациони. И секако дека со тек на време ќе бидат постабилни. Погледнете ја цената на топ 20 криптовалути од год за год расте ако во 2019г вложевте 3000e сега ќе имавте преку 18000е.Јас сум сигурен дека Биткоин до крај на годината ќе видиме нов рекорд на цена од преку 75000$ Биткоин и преку 5000$ Етериум.

Б.М.

Поврзани вести

Граматиков: Ваучерите за поддршка на туризмот не ги дадоа очекуваните резултати

Влатко Зорба

Пљаковска-Аспровска: 82% повеќе трансакции кај виртуелните ПОС терминали во првиот квартал од 2021 година во однос на лани

Влатко Зорба

Илијевски: Измените на законот за игри на среќа ќе стават крај на легалното спортско обложување

Влатко Зорба