СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Apple бара производител на е-автомобил

Електричниот автомобил на Apple со напредни автономни способности за возење може да стане реалност во наредните години.

Гласините се појавија кон крајот на минатиот месец кога неколку неофицијални извори објавија информации дека Apple планира да произведе чипови, технологија и други електронски компоненти за автомобили, а производството може да започне за три години.

На овие гласини сега им се придружија и официјалните информации потврдени од корејскиот концерн „Hyundai“.

По упатени новинарски прашања, тие издадоа кратко соопштение за печатот во кое експлицитно изјавија дека, според нивното разбирање, Apple разговара со разни светски производители на автомобили, вклучително и „Hyundai“.

„Бидејќи преговорите се уште се во рана фаза, ништо не е решено“, рекоа тие.

Оваа изјава не само што потврди дека Apple навистина се распрашува за можни партнерства и соработка во производството на автомобили, туку и веднаш ја лансираше цената на акцијата на „Hyundai“, која се зголеми за околу 17 проценти.

Во меѓувреме, компанијата ја надополни својата изјава и го отстрани споменувањето на Apple од неа, но беше предоцна – сите веќе се фатија за првите официјални информации и врз основа на нив ги базираат своите убедувања.

Корејските медиуми откриваат и дека „Hyundai“ веќе наводно ја разгледал понудата на Apple и дека се чека само зелено светло од Чунг Еуи-сон, првиот човек на концернот, со цел да потпише договор за соработка.

Според него, „Hyundai“ би произведувал автомобили и батерии за нив, а целта би била да го лансира финалниот производ на пазарот во 2027 година.

Сите овие информации се во согласност со претходните, кои велат дека Apple нема да произведува возила самостојно, туку работата ќе ја остави на некој поискусен. Во исто време, тие би се занимавале со развој на технологијата и – најверојатно – брендирање на идниот „Apple Car“.

Поврзани вести

Американските компании додадоа најмногу работни места од септември (инфографик)

Влатко Зорба

Битиќи: ФИТР покажа како треба и како се поддржуваат луѓето кои имаат добри идеи

msp-admin

Енергетската транзиција може да ја промени геополитичката карта на светот

Влатко Зорба