СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бесплатно осигурување, престој во хотел, ефтини билети: Што ставаат „на маса“ авиокомпаниите во 2021 година?

Кошмарната 2020 година ја запре првата декада на одржлива профитабилност на авионската индустрија. Погодени беа сите сектори: од превозници, преку аеродромите до лизинг компаниите, и сè беше проследено со бројни отпуштања.

Милиони патници престанаа да резервираат летови „за момент“, бидејќи посилни или поблаги блокади се во сила со месеци, а превозниците едвај го поднесуваат недостатокот. Оваа, 2021 година, треба да биде „преодна година“. Прерано е да се зборува за враќање на нивото пред пандемијата.

Во најдобар случај, патот напред ќе биде трнлив, напредокот за возврат на патувањето ќе зависи од брзината на воведување на вакцините, пристапот до капитал, владините политики и непредвидливоста на вирусот, кој сè уште е недостижен.

Сепак, ќе има скокови, вклучувајќи ги и првите комерцијални летови во вселената. Но, среде сите немири, на повидок е „ценовна војна“, бидејќи нискобуџетните компании ќе се обидат да ги намамат патниците со ниски цени и да си обезбедат работа за себе.

Авиосообраќајот нема да покаже многу поттик, се додека вакцините не се применуваат доволно за да се сведе на минимум стапката на инфекција. Не е лесно да се постигне оваа цел, бидејќи голем број земји (претежно сиромашни) немаат пристап до вакцините против Ковид-19.

Сè на сè, Мајкл О’Лири, шефот на „Рајанер“, деновиве ги споменува цените на билетите за 9,99 евра за Европа, а ирскиот гигант го намали распоредот до март годинава, поради се уште постоечката неизвесност.

Јасно е дека редовните авиокомпании не можат да се „натпреваруваат“ со толку ниски цени.

Други идеи што привлекуваат патници се бесплатни престои во хотел, зделки 2-за-1 и бесплатно патничко осигурување. Популарни се покажаа и промоциите на патничките карти за превозници како што е China Eastern Airlines Corp., која нуди неограничени летови по единствена цена.

Онлајн агентите нудат ултра-ефтини патувања во Кина, за лунарната Нова година, што е на 12 февруари 2021 година. Компаниите ги користат сите ресурси за да заработат од рутите, т.е. летови затоа што другите методи не биле многу успешни.

Луѓето сакаат да летаат со цел, но без многу перипетии, што ќе биде можно само кога Ковид-19 ќе биде на мизерно ниво – глобално. Во 2021 година ќе бидат потребни значително поголеми суми на пари, а продажбата на акциите и конверзијата на долговите ќе добијат поголемо значење бидејќи компаниите ќе се обидат да ги вратат своите биланси.

Владите на земјите, велат аналитичарите, ќе продолжат да играат важна улога во спасувањето на националните превозници, бидејќи сме сведоци на гасење на многу компании. Примерот од регионот е неодамна згаснатиот „Монтенегро ерлајнс“, а на глобално ниво има десетици – или се збришани или банкротирани.

Поврзани вести

Победата на Бајден ќе биде добра вест за европските пазари

msp-admin

За прв пат во историјата: Русија има повеќе злато отколку долари

Влатко Зорба

Египет не дозволува „Евер Гивен“ да ја напушти земјата, бара милјарда долари компензација

Влатко Зорба