СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Zoom сака да собере 1,5 милијарди долари со продажба на нови акции

Zoom Video Communications сака да собере 1,5 милијарди долари нудејќи нови акции, искористувајќи ја зголемената побарувачка за платформата за видео конференции за време на пандемијата, пишува „Блумберг“.

Во денешното соопштение, Zoom вели дека очекува да му даде на неговиот закупец 30-дневна опција да купи акции од „А“ класа за 225 милиони долари, со исклучок на попустите и надоместоците за застапниците, а цената ќе биде онаа од првичната јавна понуда (IPO).

Новите акции ќе започнат со тргување на 13 јануари, велат извори запознати со ова прашање, кои сакаа да останат анонимни, бидејќи немаат право јавно да коментираат по ова прашање. Денес, цената на акцијата на Zoom се зголеми за 1,6% на отворањето на берзата во Њујорк, достигнувајќи 342,99 долари по акција.

Во последните 12 месеци, вредноста на акциите на Zoom се зголеми за 362%, што ја рефлектира побарувачката за услугите на компанијата откако луѓето започнаа да учат и да работат главно од дома.

Акциите станаа барометар на економијата во услови на пандемија, откако ја зголемија цената кога беше воведена блокадата заради Ковид-19 и поевтинија при добрата вест за вакцините.

Извршниот директор Ерик Еван се обидува да ги диверзифицира можностите што Zoom им ги нуди на големите компании, малите и средни бизниси и индивидуалните потрошувачи, така што бизнисот продолжува да расте и по контролата на коронавирусот и повеќе луѓе се враќаат во канцелариите.

Во својот последен финансиски извештај, Zoom предвидува дека растот на приходите за 2021 година ќе биде малку помал од минатата година. Сепак, Zoom очекува приходите од продажба да скокнат за 330% во тековниот квартал, кој завршува во јануари.

Поврзани вести

Гејтс сака да инвестира 2 милијарди долари во борбата против климатските промени

Влатко Зорба

Екипата од „Редит“ „јача“ акции на производители на канабис

Влатко Зорба

Производството во Италија редуцирано за третина: Повеќе од 420,000 луѓе остануваат без работа

msp-admin