СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

Неверојатна заработувачка на Безос: 13,2 милијарди долари за само 15 минути

Извршниот директор на „Амазон“,Џеф Безос, заработи 13,2 милијарди долари за само 15 минути, пренесува „Блумберг“.

Причината за ова беше големиот скок на акциите на Амазон на 30 јануари – за 12 проценти. Според извештаите на медиумите, растот на котите се објаснува со успешниот квартален извештај на компанијата, кој ги „расипал“ предвидувањата на аналитичарите. Според извештајот на „Амазон“, профитот на компанијата бил 87,4 милијарди долари, а заработката по акција е 6,47 $, додека експертите очекувале 4,11 $.

Претходно беше објавено дека Безос повторно е на врвот на листата на „Форбс“ на најбогатите луѓе во светот. Во тоа време, со износ од 115,5 милијарди американски долари, тој го надмина претседателот на Louis Vuitton Moеt Hennessy – Бернар Арно, чија состојба се проценува на 112,9 милијарди американски долари.

Поврзани вести

Huawei руши рекорди и покрај санкциите на САД

msp-admin

„Астра“ донираа медицинска опрема во вкупна вредност од 20.000 евра на Општата болница во Охрид

msp-admin

На Безос му порачале да го продаде бизнисот: Нема да успееш!

msp-admin