СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

МАТТО му порача на Мицковски: Политичарите треба да го слушнат гласот на бизнис заедницата

Јавниот дијалог да добие нов модел – не ние да бидеме водени од политиката, туку политиката да биде водена од економијата, приватниот сектор и граѓаните, рече претседателот на Стопанската комора Македонија – Турција (МАТТО), Ајдован Адемоски на денешната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Ајдован напомена дека благосостојбата на земјата е заедничка, но биснис заедницата и политиката досега главно немаа заеднички патишта.

-Политичарите треба да го слушнат гласот на бизнис заедницата кој е реален и објективен. Ние, претприемачите, даночните обврзници, треба со нашето работење да го изнесеме економскиот раст, но и развој. Верувам дека и партиите соодветно ќе се трансформираат како и ние и дека ќе работиме синхронизирано, истакна Адемовски.

Мицковски дојде во МАТТО придружуван од партиски претставници за да ја претстави предизборната економска програма, но и за да ги слушне предлозите на компаниите.

-Нашата заложба е односите на идната влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со сите стопански комори, вклучувајќи ја и МАТТО, да се интензивираат. Зошто да не зборуваме за двоцифрени бројки на вложувачи од Турција и за два до три пати повеќе вработени во МАТТО, изјави Мицковски.

Рече и дека од она што ќе го слупнат на средбата, очекува да биде имплементирано во партиската економска програма.

Компаниите – членки на МАТТО имаат инвестирано повеќе од две милијарди евра во земјава, а вработуваат преку 10.000 лица.

МАТТО досега имаше средби со економскиот тим на СДСМ, предводен од лидерот на партијата Зоран Заев, со труските партии, како и со Алтернатива.

Поврзани вести

Новинарка од „Њујорк Тајмс“ потрошила 10 биткоини на суши вечера

Stefanija Kuzmanovska

Заев: Покрај создавање на директни вработувања, компаниите во зоните го стимулираат локалниот економски развој

Буџетските приходи повисоки во однос на преткризниот период

Влатко Зорба