СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Чудните работи, на кои најбогатите луѓе ги трошат своите пари

Веројатно ако сте во групата најбогати луѓе во светот, би пронашле барем едно чудно хоби или интерес за кое би потрошиле пари. Ова е заедничко за луѓето како Лери Елисон, Џеф Безос и Елон Маск – сите тројца користат дел од своето богатство за очекувани и помалку очекувани набавки.

Од територија во државата Хаваи до подморница од еден од филмовите за Џејмс Бонд.

„Business Insider“ разгледува некои од нај во најмала рака интересните набавки на супер-богатите:

Никој не купува повеќе земјиа од Лери Елисон

Многу богати луѓе инвестираат во недвижнини, но никој не дава за земјиште колку основачот на Oracle, Лери Елисон. Во 2012 година, на пример, тој купи 98% од островот Ланаи, кој е дел од државата Хаваи. Елисон плати 300 милиони долари за тоа, вклучувајќи го и земјиштето и неколку одморалишта каде живеат над 3.200 луѓе.

Не е изненадувачки што Елон Маск има интерес за нетрадиционални автомобили

Во 2013 година, Маск на аукција дава 920.000 американски долари за да се здобие со подморницата „Lotus Esprit“, која беше користена во снимањето на филмот „The Spy Who Loved Me“. Тој самиот признава дека како дете бил голем фан на филмовите за Џејмс Бонд.

Безос дава 42 милиони долари за часовник, што не може да го носи

Основачот на „Amazon“ поседува механички часовник вграден во карпа во Тексас. Создаден е од групата „The New Foundation“, а тие тврдат дека часовникот ќе работи 10.000 години.

Сергеј Брин дал помеѓу 100 и 150 милиони долари за огромна летачка машина

Всушност, тој ги инвестирал овие средства во развој на машина што требало да стане најголемиот авион во светот. На него работеле експерти од истражувачкиот центар на НАСА во Калифорнија. Неговата цел била да доставува хуманитарна помош.

Неговиот колега Лери Пејџ инвестира во летачки автомобили

Коосновачот на Google има друга страст – летачки автомобили. Со текот на годините, Пејџ инвестираше во повеќе од една стартап компанија која развива слични технологии.

Поврзани вести

Ги запознаваме ретките болести: Неврофиброматоза

Влатко Зорба

Ветување старо еден век: Зошто Белград нема метро скоро 100 години подоцна?

Влатко Зорба

Колку често ја проверувате вашата банкарска сметка и зошто е важно да го правите тоа?

Влатко Зорба