СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Што кажал Маск кога стана најбогатиот човек на светот?

Откако акцијата на Tesla скокна на 880 долари, Елон Маск сега „вреди“ 195 милијарди, 10 повеќе од Џеф Безос.

Имено, акциите на неговата компанија скокнаа над 20% за само една недела, што го зголеми личното богатство на Маск на 195 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг на 8 јануари.

Кога сопствениците на акциите на Tesla од Силиконската долина ја објавија веста на Твитер, одговорот на Маск се состоеше од само шест зборови: „Чудно е“ и „Па, назад на работа“. Ова би можело да се толкува како „кревање раменици“ во веста дека тој станал најбогатиот човек на светот, но тоа всушност е совршен одговор и корисна лекција по емоционална интелигенција за секој лидер, пишува Inc.com

Се разбира, Маск знае колку оваа вест е од променлива приорда, како и сите новости во врска со цените на акциите на светските берзи. Акциите на Tesla беа затворени тој ден за над 880 долари за парче, но пред помалку од две години тие вредеа околу 38 долари.

Ако сега ви е многу жал што не сте ги купиле тогаш, не се грижете – на сите ние така.

Што се однесува до Маск, тој е ново лице меѓу супербогатите: тој има стекнато 150 милијарди, повеќе од три четвртини од своето мега-богатство во изминатата година.

Веројатно не му е тешко да се сети на денот кога спиел во канцеларија, не толку за да може максимално да се посвети на својата работа, како што често се случува деновиве, туку затоа што не можел да си дозволи стан во кој ќе преспие.

Поврзани вести

Тужба против Фејсбук: Против социјалната мрежа се здружија повеќе од 40 американски држави

msp-admin

Еуростандард банка трајно исклучена од берза

msp-admin

Партнер на Apple потпиша договор за соработка со кинески стартап за електрични автомобили

Влатко Зорба