Стандард
БИЗЛАЈФ

Гејтс: Вакцината делува, ќе се чувствуваме понормално веќе на есен

Книгата на Гејтс „Како да се избегне климатска катастрофа“ достигна број еден на листата на бестселери според „Њујорк Тајмс“. По тој повод даде интервју, но сите ги интересираше неговото мислење за ковид-кризата.

-Би бил шокиран ако има значителен број училишта што би спровеле учење од далечина на есен. Сè уште треба да го добиеме нивото на прифаќање на вакцините во заедници со ниски примања и кај луѓе со други бои на кожа. Треба да покажеме дека нашите најпаметни луѓе примаат вакцина и дека делува, рече Бил Гејтс.

-Но, дури и ако добиеме повисоко ниво на вакцинација, нема да се вратиме целосно на старото. Во остатокот од светот, можеби ќе дојде крајот на 2022 година пред да се постигне таков резултат. Потребно беше 20 години да пристигнат вакцините од богатиот дел од светот во земјите во развој. Ситуацијата сега е подобра, но сепак не е доволно добра. Но, мислам дека ќе се чувствуваме многу понормално наесен, додаде Гејтс.

Можете да ме обвинете дека сум општо оптимистичка личност, вели тој и го забележува своето специфично минато како личност која го напуштила училиштето, основала успешна технолошка компанија, има свој фонд, која исто така работи одлично.

Во однос на имплементацијата на електричните возила, тој верува дека во следните 15 години емисиите во сегментот на возила може да достигнат до нула, со оглед на тоа што нивната цена паѓа, ќе има повеќе станици за полнење и времето на полнење ќе се намали на само 15 минути.

Гејтс дава одговор на темата криптовалути и проблемот со прекумерна потрошувачка на електрична енергија предизвикана од таканареченото рударство на криптовалути и како на ова може да се гледа како чекор назад од климатолошка гледна точка.

-Моите критики кон биткоинот всушност не се насочени кон неговата голема потрошувачка на енергија. Верувам во дигитални валути за пониски трансакциски трошоци, а биткоинот не го стори тоа затоа што не можете да го искеширате. Овие момци со биткоин не направија ништо, можеби за откуп за киднапирање или на некои трошоци за трансакција поврзани со наркотици, вели Гејтс.

Поврзани вести

Одморалиште од 1,6 милијарди долари изгледа како „град на духови“: напуштени вили, уапсени инвеститори (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Објавен списокот на најплатени спортисти за 2020 година

Никој не сака да ги вработи луѓето на Трамп: Вработените во Белата куќа дури не ги примаат на интервју за работа

Влатко Зорба
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!