Празниците завршија, доаѓа сезоната за враќање на несакани подароци, а некои од најголемите американски трговци им порачуваат на клиентите дека покрај враќањето на парите што следуваат, тие можат да ја чуваат и купената стока.
Меѓу трговците кои ја воведоа оваа практика се „Walmart“, „Amazon“ и „Target“.
Се разбира, тука не зборуваме за телевизори и компјутери, туку за работи за кои трговците проценуваат дека ќе биде тешко да се препродадат или за оние каде трошоците за враќање и обработка се еднакви или повисоки од цената на самиот производ.
На кратко, оваа политика се однесува на поевтини производи. Најголемата цена за враќање на стоката е трошокот за преместување на работите во магацините.
Оваа цена е пониска кога луѓето ја враќаат стоката директно во продавниците, но поретка е за време на пандемијата кога луѓето избегнуваат да се мешаат со народ и да ја напуштат куќата непотребно.
Со оглед на огромниот скок на продажби преку Интернет, логично е продавачите да очекуваат огромна навала при враќање на стоката, а со тоа да сметаат на високи трошоци.
Интересно е што клиентите кои сакаа да го вратат производот се пресреќни кога ќе слушнат дека можат да го задржат, иако сакале да се ослободат од него само минута порано.
Во Македонија, праксата за враќање на подароци не заживеа, затоа ретко и на некому да му падне напамет, а одат во продавница со фискална сметка само за менување на поголем или помал број.