СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Франција бара од ЕУ да формира фонд за помош на винарите

Франција ја повика Европската комисија брзо да одговори на нејзиното барање француските производители на вина да бидат компензирани за штетата што им ја предизвикаа американските царини.

САД денес воведоа нови тарифи за делови од авиони, вино и алкохолни пијалоци произведени во Франција и Германија, како дел од спорот со ЕУ околу субвенциите за производителот на авиони „Ербас“. Од друга страна, ЕУ воведе тарифи за американските производи поради субвенциите за „Боинг“.

Француските винари веќе забележаа пад на извозот во САД минатата година, по првиот круг од тарифите од 25 проценти наметнати од кабинетот на Доналд Трамп.

Париз веќе ја повика Европската комисија да формира фонд за обештетување на производителите на вино, а жалбата досега остана без одговор, изјави во вторникот францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

„Жалам за бавноста со која Европската комисија одговара на нашето барање за фонд за компензација. Секторот (вино) е сериозно погоден и му треба европска поддршка“, рече Ле Мер на прес-конференција.

„Сакам Европската комисија брзо да реагира на нашиот предлог за формирање на фонд за компензација“, истакна францускиот министер, додавајќи дека решавањето на трговските тензии со САД ќе биде негов приоритет на состанокот со кабинетот на новиот американски претседател Џо Бајден.

Француската асоцијација на извозници на вино кон крајот на декември објави дека дополнителни тарифи ќе го чинат секторот повеќе од милијарда евра.

Ле Мер сака винарите да можат да ја одложуваат отплатата на заемите со државни гаранции и да ја зголемат максималната сума што можат да ја добијат од фондот за компаниите, тешко погодени од кризата со коронавирус.

Поврзани вести

Ја намалуваат работната сила: Германските работодавци ги прекроија плановите за вработувања

Влатко Зорба

Големи инвеститорски имиња ги преместуваат инвестициите во Биткоин

msp-admin

Србија: Изнајмување куќа на еден ден до 250 евра

msp-admin