СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Повеќе дигитални услуги, подобрување на ефикасноста на доставата и зголемување на работното време, ветува директорот на Пошта

„Ја враќаме Пошта кон граѓаните бидејќи токму тие ни даваат плата бидејќи избираат да ги користат нашите услуги. Затоа мора да бидеме отворени и одговорни, но и да слушаме и исполнуваме. Сакам да нагласам дека особено ги слушаме критиките. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека, за жал, има пратки што доцнат, пратки што не се испорачуваат, граѓаните се соочуваат со нељубезен однос и непочитување на работното време од дел од вработените!“, рече генералниот директор на Пошта, Јани Макрадули во видео обраќање.

Затоа, посочи тој, во Пошта секој треба да биде подготвен за пофалби, но првенствено да преземе конкретни решенија за овие критики, почнувајќи од него како Генерален директор, членовите на Управниот одбор, па сè до пошторазнесувачот или шалтерскиот работник.

Макрадули ги наброја и новитетите кои се предвидуваат да се воведат оваа година.

„Во 2021 година сакаме да одговориме на предизвиците и барањата на граѓаните преку повеќе дигитални услуги, подобрување на ефикасноста на доставата, зголемување на работното време и начинот на кој ќе бидат отворени шалтерите во Пошта, како и преку брзо започнување со електронска трговија кое е наша голема обврска кон граѓаните, особено во време на Ковид-19“, истакна тој.

Поврзани вести

Арсовска – Заев: Политичкиот клиентелизам треба да се замени со меритократија

Влатко Зорба

Започна аплицирањето за субвенции за млеко и за заклани несилки

msp-admin

Влада: Континуирано расте просечната плата, се забележуваат позитивни економски трендови

Влатко Зорба