Стандард
КОМПАНИИ

„Голдман Сакс“: „Брентот“ ќе чини 65 долари до лето

Цените на нафтата изненадувачки се задржуваат, а се повеќе земји воведуваат мерки за штедење и ги затвораат економиите.

Клучна причина за релативно високите цени на нафтата е одлуката на Саудиска Арабија да испумпува помалку од милион барели нафта дневно во февруари и март, што ќе обезбеди недостиг на снабдување на пазарот.

„Голдман Сакс“ предвидува дека цената на Брент, која во моментов е на 56,5 долари (највисока од февруари минатата година), може да достигне 65 долари до летото.

Секако, на цената на нафтата позитивно влијаат и очекувањата дека демократите ќе се погрижат за екстремно големи пакети фискални стимуланси во САД.

Поврзани вести

Кои се најголемите купувачи на руска нафта?

msp-admin

„Дизни“ отпушта уште 4.000 работници поради пандемијата

msp-admin

6G ќе ја замагли линијата помеѓу реалното и виртуелното

msp-admin
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!