СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Акциите на Комерцијална најтргувани на Македонска берза во 2020 година

Акциите на Комерцијална банка се најтргувани на официјалниот пазар на Македонска берза, покажува Годишниот билтен.

Истргувани се 333.907 акции преку 7.476 трансакции, по просечна цена од 6.590,08 денари, а остварен е промет од 2.183.942.606 денари.

На второ место се акциите на Алкалоид, чија просечна цена е 12.174 денари, а во текот на минатата година реализирани се 3.883 трансакции со 89.995 акции и промет од 1.054.482.870 денари.

Со 2.417 трансакции, трети најтргувани се акциите на Макпетрол, коишто достигнаа просечна цена од 67.741 денар и промет од 643.927.219 денари, а истргувани се вкупно 9.735 акции.

Првата “петорка“ најтргувани акции се оние на НЛБ Банка (1.563 трансакции) и Гранит (2.102).

Во втората половина од 10-те најтргувани акции се: Стопанска банка Скопје, ТТК Банка, УНИ Банка, Стопанска банка Битола, Реплек Скопје и останатите.

Во текот на минатата година, истргувани се вкупно 1.640.133 акции во 22.138 трансакции, достигнувајќи промет од 5.645.710.832 денари.

Поврзани вести

Богдановиќ: Со новите ДУП-ови во Центар зачувани се над 13.000 метри квадратни парковско зеленило

Влатко Зорба

Во првото тримесечје преку МојДДВ скенирани 22.670.713 фискални сметки

Влатко Зорба

Бислимоски: Нема да се зголемува цената на струјата на регулираниот пазар