СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Шефот на Airbnb: Патувањата ќе се променат целосно поради пандемијата

Патувањата ќе се променат целосно поради пандемијата на коронавирус, изјави извршниот директор на „Airbnb“, Брајан Чески, предвидувајќи дека луѓето повеќе ќе ги посетуваат помалите градови, како и пријателите и семејството.

Традиционалниот туризам и разгледувањето на водечките дестинации во светот ќе бидат значително намалени, како и летовите за деловни состаноци, а ќе преовладуваат патувањата во помалите заедници, смета Чески.

Патниците „копнеат по она што им е одземено“, рече шефот на „Airbnb“ на конференцијата „Ројтерс некст“. „Тие не копнеат да го видат „Тајмс Сквер“, туку пријателите и семејството, за што веќе долго време немаа шанса“, додаде тој.

„Airbnb“ беше погодена од пандемија на коронавируси уште во 2020 година, кога нејзиниот бизнис потона 80 проценти за нешто повеќе од осум недели.

Како што владите започнаа со олеснување на мерките за заклучување, повеќе патници резервираа куќи наместо хотели, што помогна на „Airbnb“ да направи неочекувано профитабилен бизнис во третиот квартал, со зголемен интерес на клиентите за изнајмување домови далеку од поголемите градови.

Компанијата успешно ги вклучи акциите на берзата во декември, а нивната цена по ИПО се зголеми за двапати. Во четвртокот порасна за 10 проценти, на рекордни 187,42 долари, според Ројтерс.

Поврзани вести

Зошто Меси треба да плати 135 милиони евра данок повеќе во Шпанија?

Влатко Зорба

Вртоглави бројки: Kолку заработија најплатените „јутјубери“ во 2020 година?

Влатко Зорба

Џеј Зи инвестира во марихуана

Влатко Зорба