СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Демири: Невработените лица покажаа голем интерес за учество во програмите и мерките за вработување

Директорот на Агенцијата за вработување на РСМ, Абдуш Демири, посочи дека невработените лица голем интерес покажале за учество во програмите и мерките за вработување кои имаа за цел стекнување и дополнување на нивните знаења и вештини заради зголемување на нивната вработливост и конкурентност на пазарот на трудот.

„Тука би ги издвоиле Обуките за побарувани занимања на пазарот на трудот во кои земаа учество 421 невработено лице за стекнување на вештини за работа како автомеханичари, бравари, заварувачи, слаткари, пекари, негуватели на стари лица, лични асистенти итн.”, истакна Демири.

Посочи дека целосна искористеност се бележи и на програмите за поголема социјална вклученост на потешко вработливите лица на пазарот на трудот, односно програмата Општинско корисна работа и програмата Јавни работи.

„Преку овие програми потешко вработливите лица стекнуваат вештини преку задоволување на потребите од социјални услуги на локално ниво, проекти од инфраструктурата и заштита на животната средина на локално ниво. Преку двете програми работно се ангажирани 1.063 невработени лица”, истакна Демири.

Поврзани вести

Работниците со бенифициран стаж до 30 септември да изберат дали остануваат во задолжителен пензиски фонд

Александар Петровски

Презентирани условите за инвестирање на бизнис форум во Брно: Вистинско време за чешки инвестиции во Северна Македонија (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Македонските граѓани заштедиле 205 милиони евра за време на ковид-кризата

Влатко Зорба