СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Потрошила 150.000 долари економска помош на шопинг

Жена од Северна Каролина, која фалсификувала документи со цел да добие деловна помош од 150.000 американски долари, е обвинета дека ги потрошила сите свои пари за купување брендирани предмети и дијаманти.

Јасмин Клифон (24) аплицирала за помош поради економските последици од пандемијата во март 2020 година, повикувајќи се на лажното тврдење дека нејзиниот бизнис со облека е уништен поради коронавирусот, иако ја затворила продавницата една година порано.

Според соопштението на американското обвинителство за Западниот округ Северна Каролина, Клифтон фалсификувала документи во кои се наведува дека нејзината компанија заработува 350.000 долари годишно, иако документите покажале дека продавницата е затворена во септември 2019 година.

И била дадена помош од 149.900 американски долари, кои ги потрошила во повеќе од дваесет продавници.

Клифон е обвинета за извршување измама и корист од условите на голема катастрофа, за што се соочува со затворска казна од 30 години, а може да плати и парична казна од 1,25 милиони долари, пренесе BIZLife.

Поврзани вести

„Nike“ поднесе тужба поради „сатанските патики“

Влатко Зорба

Ковид-19 трајно ја промени фитнес-индустријата

Влатко Зорба

Сплит и Белград меѓу топ 5 европски градови со најскапи недвижности во однос на приходите

Влатко Зорба