СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Колективна тужба против Amazon: Ги „надувал“ цените на е-книгите?

Читатели во неколку американски држави поднесоа колективна постапка против малопродажниот интернет гигант Amazon.

Како што тврдат, Amazon, во договор со група издавачи, ги „надувал“ цените на електронските книги.

Во тужбата се тврди дека Amazon и издавачките куќи Penguin Random House, Hachette, HarperCollins, Macmillan и Simon & Schuster преговарале за цените на е-книгите, со што потрошувачите плаќаат повеќе за нив кога купуваат на други платформи.

Околу 90 проценти од електронските книги се продаваат преку Amazon, најголемиот американски продавач, се посочува во тужбата поднесена од адвокатската фирма Хагенс Берман, пренесе „Индекс“.

Слична тужба беше поднесена од адвокатската фирма во 2011 година против Apple и „големата петорка“, исто така, поради сомнежот дека тие преговарале за цените на електронските книги.

Amazon за Ројтерс не сакаше да ги коментира информациите за тужбата.

Во средата, државата Конектикат објави дека покрена истрага против Amazon под сомнение за нарушување на еднаквата пазарна конкуренција во бизнисот со продажба на дигитални книги.

Поврзани вести

Нема помош за компаниите регистрирани во даночните раеви

msp-admin

Шведска тестира национална електронска валута

msp-admin

Стопанска комора: Како компаниите ќе работат втора смена за викенд кога забраната за движење почнува во 16 часот?

msp-admin