СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Audi здружува сили со FAW за производство на електрични автомобили

Германскиот производител на луксузни автомобили Audi, сопственост на VW, ќе ги здружи силите со најстариот кинески производител на автомобили FAW во производството на луксузни електрични возила.
FAW е трет производител на автомобили во Кина и се обидува да ја зајакне својата позиција на домашниот пазар во силна конкуренција од компании како што се Geely и SAIC, забележува Би-Би-Си.

Во соработка со Audi ќе гради фабрика каде ќе се произведуваат електричните автомобили на германската компанија.

Објектот од 4,6 милијарди долари е предвидено да биде отворен во 2024 година во Чунгчун, на североистокот на Кина, соопшти Audi.

Audi и нејзината матична компанија VW ќе поседуваат 60% од акциите во заедничкото вложување, а останатите 40% ќе бидат во сопственост на FAW.

„Продлабоченото партнерство меѓу Audi и FAW најавува нова ера на електрификација што треба да биде нова „златна деценија“ за Audi на важниот кинески пазар“, рече претседателот на Audi Кина, Вернер Ајхорн.

FAW веќе произведува модели на Audi и работи со германската компанија и нејзиниот сопственик VW со години.

Кина е најголемиот прекуокеански пазар на Audi, на кој продаде повеќе од 700.000 возила во 2020 година.

Германската луксузна марка сака електричните возила да учествуваат со една третина во продажбата во Кина до 2025 година.

Поврзани вести

Лавров го повика Пекинг да го напушти доларот во меѓусебната трговија

Влатко Зорба

Бизнис Акцелераторот УКИМ домаќин на лабораторијата за иновации на Дојче Телеком од Германија

msp-admin

Бизнис по разводот: Мелинда не е заинтересирана за шопинг, милијардите ќе ги инвестира во вакцини и ментално здравје