СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

68.800.000 денари за КИП програмата на Владата во 2021 година

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција во Владата информираше дека за реализација на мерките предвидени во Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво (КИП) обезбедени се 68.800.000 денари.

Овие средства се наменети за:

-50.000.000 денари за мерки за Поддршка на развојот на развој на микро, мали и средни претпријатија,

-13.000.000 денари за имплементација на мерки од Индустриската стратегија,

-4.800.000 денари наменети за мерки за поддршка и развој на Кластерското здружување во Република Северна Македонија и

-1.000.000 за мерки за Инвестиции и општествена одговорност, како и субвенции за приватни претпријатија.

На јавните повици ќе бидат утврдени квотите за број на претпријатија кои ќе се субвенционираат по плански региони и тоа согласно принципот „прв дојден, прв услужен”.

Поврзани вести

Азески: Можно ли е во пост-Ковид-19 периодот да ни се случи „туризам“?

Влатко Зорба

ВАРДАРГРАДБА ќе ја реконструира „Орце Николов“ за скоро 1,25 милиони евра

Влатко Зорба

Pinterest стана трета социјална мрежа по големина во САД

Никола Поповски