СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ССМ: Недела да биде неработен ден, оние што ќе работат да добијат поголема дневница

Во поглед на воведувањето на законските решенија за пензионирање, ние како Синдикат имавме предлози кои беа предложени и прифатени од страна на оваа влада, која почна да прави промени, вели Слободан Трендафилов од ССМ во 24 анализа.

Тој напомена дека и по прифатените предлози, од страна на Синдикатот сепак имаат забелешки.

-Нашиот предлог беше во законот да биде предвидено предвремено пензионирање со цел младите да останат во нашата земја, но бевме затечени од ковид-кризата, но мора да продолжат преговорите и апелираме да не се кочат процесите од страна на политичките партии, изјави Трендафилов.

Во однос на тоа дали недела треба да биде неработен ден, Трендафилов вели дека таа одлука треба веднаш да се донесе.

-Недела неработен ден е многу важно прашање, Сојузот тоа го предложи пред две години. Во однос на носење на оваа одлука државата треба да води сметка за своите пари. Недела да биде неработен ден, а оние кои ќе работат да бидат најмалку за дополнителни 50 проценти платени за работа во недела, вели Трендафилов.

Поврзани вести

540 компании за прв пат аплицираат на јавните повици на ФИТР

Влатко Зорба

Петтиот пакет мерки усогласен со коморите

Влатко Зорба

Следниот месец почнува изградбата на две нови патарини на автопатот Скопје-Штип

Влатко Зорба