СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Здружението ОБНОВА ГЛОБАЛ Струмица упати повик за донации

Здружението на граѓани, ОБНОВА ГЛОБАЛ Струмица, ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица и здруженија, државни институции и органи и единици на локалната самоуправа, да согласно своите финансиски и материјални можности донираат во санирањето на последиците, обновата и реконструкцијата на ГТЦ ГЛОБАЛ Струмица, кој беше опожарен на ден 02.01.2021. година.

Паричните средства кои ќе бидат донирани да се уплатат на следната жиро сметка: 270074779880184 депонент на ХАЛК Банка АД Скопје.

Паричните средства ќе бидат наменети за санирање на последиците и за што поскоро повторно пуштање во употреба на ГТЦ ГЛОБАЛ Струмица, а со самото тоа и овозможување на повторна егзистенција на стотици граѓани од Струмица и другите соседни општини.

Поврзани вести

Заради стравот од последиците од коронавирусот, четири дена по ред паѓаат цените на нафтата

Потврден кредитниот рејтинг на С.Македонија на ББ+ стабилен од страна на „Фич“

Влатко Зорба

Развојна банка: Ќе има и бескаматна линија „Ковид2“, фирмите почнаа да доставуваат барања за кредити

msp-admin