СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Адора“ и Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ ќе соработуваат за реставрација на детска градинка

„Адора Бизнис Групацијата“ соопшти дека ќе соработуваат со Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ во реставрацијата на детска градинка во село Љубиш, општина Чајетина, како нивни главни партнери во проектот.

Селото Љубиш се наоѓа во непосредна близина на Српскиот планински резорт Златибор, кадешто „Адора“ моментално го гради својот хотелско-резиденцијален комплекс „21st Century Zlatibor Residence, Spa & Wellness by Adora”. 21st Century Zlatibor“

„Овој гест претставува продолжеток на длабоко врежаната општествено одговорна корпоративна филозофија на Адора и фондацијата проф. др. Ванчо Чифлиганец секогаш да дадеме назад кон заедница во општините каде што имаме деловни активности. Би сакале од се срце да им се заблагодариме на фондацијата Новак Ѓоковиќ за укажаната доберба и желба за соработка. Напорите кои што фондацијата ги вложува во помагање на оние кои им е најпотебно и нивниот ентузијазм кон работата се навистина инспиративни. За нас претставува вистинско задоволство да се соработува и да се учи од луѓе што делат иста мисија со нас, создавање на посреќно, похумано и поздраво опшстество со еднакви можности за сите! Децата се единствената заедничка иднина што ја имаме. Вложувањето во најмладите генерации е основоположник за подобро утре!“, изјави по овој повод Душко Чифлиганец, проект лидер на проектот во Златибор и директор на „Adora Living Solutions“, која што го претставува градежниот бренд „Адора“ во Србија.

Поврзани вести

Дали коронавирусот е „црн лебед“?

Stefanija Kuzmanovska

Лиценцираните туристички агенци ќе може да се регистрираат на платформата „Дома си е дома“

Берта Китинска

ПСМ Фондација додели грантови од 20.000 евра на најдобрите пет бизнис идеи