СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Поради „системски злоупотреби“ на слободата на говорот, Унгарија тргнува против социјалните мрежи

Унгарската министерка за правда Џудит Варга изјави дека е можно да се санкционираат социјалните мрежи за, како што рече, „системски злоупотреби“ на слободата на говорот, објави Ројтерс.

Министерката најави дека оваа недела ќе се состане со унгарскиот регулатор на конкуренција за да разговара за потенцијалните казни за, како што рече, „нефер трговските практики“, како и да свика состанок на Комисијата за слобода на говор во дигиталното опкружување.

Како дел од растечкиот бран критики, некои владини претставници се жалат на, како што опишуваат, напорите на социјалните мрежи, вклучително и Фејсбук, за ограничување на конзервативните ставови на нивните платформи.

Премиерот Виктор Орбан ги претвори јавните медиуми на Унгарија во послушен гласноговорник, а неговите сојузници контролираат голем дел од приватните медиуми во земјата, чии приоритет се информациите за неговата агенда.

Но, премиерот се соочува со најтешкиот предизвик од неговата деценија на власт – парламентарните избори следната година, додека се бори со закрепнување од пандемијата „Ковид-19“ и здружената опозиција. Социолошките истражувања покажуваат дека силите се израмнуваат.

Варга зборува за тајни активности на социјалните мрежи за ограничување на видливоста и пристапот до корисничките профили без знаење на корисниците и за политички цели.

„За да се намали нивниот дострел, Фејсбук исто така ја ограничува видливоста на христијанските, конзервативните, десничарски ставови. Имам и лично искуство со ова“, прокоментира Варга, без да прецизира детали.

Фејсбук не одговори веднаш на барањето за коментар.

Варга има скоро 120.000 следбеници на Фејсбук, а Орбан – над 1 милион, што претставува над 10% од популацијата на Унгарија. Премиерот често го користи Фејсбук за да ги објави владините одлуки за „Ковид-19“ или економската политика.

Портпаролот на Варга не одговори веднаш на прашањата испратени преку е-пошта во кои побара повеќе детали за нејзините обвинувања дека Фејсбук ја ограничува видливоста на нејзините објави.

Варга тврди дека ова прашање треба да се регулира на ниво на Европската унија, но може да биде потребна побрза акција.

„Сепак, поради системски злоупотреби, можеби ќе треба побргу да се активираме“, рече таа.

Варга ги даде коментарите само неколку дена откако сојузникот Полска, исто така, сигнализираше потенцијална акција против големите технолошки компании, а министерот за правда објави дека компаниите што ги отстрануваат публикациите за кои сметаат дека се навредливи може да бидат казнети.

Поврзани вести

Голема хуманитарна акција на асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа – АПИС

msp-admin

„Тeсла“ се искачи на врвот на листата на највредните производители во 2020 година

Македонија лани потрошила над 152 милиони долари на увоз на лекови

msp-admin