СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Фолксваген“ со загуба од 800 милиони евра во првата половина од годината

Германски „Фолксваген“ (VW) објави денеска дека во првата половина на 2020 година регистрирал оперативна загуба од 800 милиони евра (940 милиони американски долари) како резултат на големиот пад на продажбата на автомобили заради пандемијата на коронавирусот и дека ја намали дивидендата за 2019 година.

Во истиот период минатата година, VW работеше со профит од 10 милијарди евра.

Продажбата на возила VW групацијата во извештајниот период опадна за 23,2%, додека испораките се намалија за 27,4% од година во година.

На претстојниот Годишен генерален состанок во септември, германскиот производител на автомобили ќе предложи намалување на дивидендата за 2019 година на 4,80 евра по обична акција, во однос на претходно најавените 6,50 евра.

Иако предупреди дека предизвиците остануваат „особено заради засилување на конкуренцијата, нестабилноста на пазарите за стоки и девизи и построги побарувања во однос на штетните емисии на гасови“, VW остана со прогнозата дека ќе биде профитабилна на ниво на целата година.

Акциите на „Фолксваген“ опаднаа за 21,5 проценти од почетокот на оваа година, додаваат агенциите.

Поврзани вести

Копач: Верувам дека независната РКЕ донела правилна одлука за поскапување на струјата

msp-admin

Жито Лукс со донација за Црвен крст го одбележува Светскиот ден за борба против гладот

msp-admin

Првоаприлска шега: Volkswagen сепак нема да биде VoltsWagen

Влатко Зорба