СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

ПРВ ТРАНСФЕР ВО ИСТОРИЈАТА СО КРИПТОВАЛУТИ: Шпански третолигаш купи играч со Биткоин

Трансферот на Давид Барал (37) со третолигашот „ДУКС Интернационал де Мадрид“ стана уникатен во светот на фудбалот.

Поранешниот напаѓач на вториот тим на Реал Мадрид стана првиот фудбалер во историјата чии услуги биле платени во популарната криптовалута Биткоин.

– Добредојде во нашиот клуб. Тој стана првиот играч во историјата платен во криптовалута – беше наведено во соопштението на тимот, кој наскоро ќе се вика Интер Мадрид.

Се огласи и фудбалерот кој играше повеќе од 50 натпревари за Б тимот на Реал, но не успеа да се пробие во првиот тим, па кариерата ја продолжи во Хихон. Играше и за Леванте и Сантандер.

– Драго ми е што се вклучив во овој проект, што ќе ми овозможи да продолжам да се натпреварувам и да ги остварувам своите амбиции – рече Барал.

Висината на трансферот сè уште не е позната, како и дали властите во Шпанија му дале валидност на потписот на Барал поради начинот на кој е платен.

Вредноста на Биткоинот варира многу, а деновиве е помеѓу 30.000 и 35.000 евра.

Инаку, еден од сопствениците на клубот е голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа.

Поврзани вести

Топ трејдер го определи NOIA како „заспан гигант“

Влатко Зорба

Биткоинот скокна за 13 отсто по легализацијата во Ел Салвадор

Stefanija Kuzmanovska

Биткоин проби над 40 000 долари – дали корекцијата е завршена?

Влатко Зорба