СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Од денеска брзи антиген тестови на Меѓународниот аеродром Скопје

Од денеска, 24-ти јануари, лабораторијата „Жан Митрев” ќе распореди свое мобилно амбулантно возило за тестирање пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, во близина на единствениот отворен влез за патници „Departures C“, каде што патниците ќе можат да го извршат потребниот брз антиген тест и да го добијат резултатот за 15 до 20 минути од земањето примерок,соопштија од ТАВ Македонија.

„Целта е да им се обезбеди опција на нашите патници кои заминуваат кон дестинациите во Германија, со цел тие да имаат доволно време да извршат брз антиген тест, пред да влезат во зградата на аеродромот и да почнат со аеродромските процедури, ако тестот веќе не го направиле пред нивното пристигнување на аеродромот“, велат од ТАВ.

‼КОВИД-19-ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ: ЛАБОРАТОРИЈАТА ЖАН МИТРЕВ ПОЧНУВА СО БРЗИ АНТИГЕН ТЕСТОВИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ…

Posted by Skopje International Airport – SKP on Saturday, January 23, 2021

Поврзани вести

„Ербас“ со загуби од 481 милиони евра во првото тримесечје

Започна исплатата на средствата од МојДДВ за последното тримесечје од 2020 година

Влатко Зорба

Министерството за транспорт и врски стави на располагање 62.280 поединечни и месечни транспортни дозволи

Влатко Зорба