СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Учењето од дома драстично се одразува на подоцнежните шанси за поголема плата за децата

Мерките за заклучување, кои исто така ја оневозможуваат работата во училиштата, драстично се одразуваат на подоцнежните шанси за поголема плата за децата, покажува истражувањето на економистот Луџер Весман.

Учењето од дистанца соочи многу семејства со големи проблеми.

Грижата за децата и работата е тешко да се комбинираат, а следењето настава од дома често не функционира најдобро.

Весман предупредува дека затворањето на училиштата ќе има сериозни материјални последици врз учениците, односно нивните шанси да заработат поголеми приходи.

„Со затворањето на училиштата се пренесува помалку знаење. Економските последици од тоа може да се пресметаат. Ако се изгуби една третина од учебната година, тоа значи во просек околу три проценти од животните приходи“, рече Весман, наведувајќи дека во најлош случај, тоа значи загуба од околу 30.000 евра.

Економистот стравува и дека многу студенти нема да можат да ја добијат посакуваната диплома, а со тоа да ја изберат посакуваната професија.

Поврзани вести

Зошто НИКОГАШ не треба да работите БЕСПЛАТНО?

Влатко Зорба

Компанија им даде на сите иста плата: Експериментот не заврши добро…

Влатко Зорба

6 совети на фриленсер како да кажете „не“ на клиенти и да не ги изгубите

Влатко Зорба