Во 2020 година продажбата на електрични возила на меѓународно ниво се зголеми за 43 проценти, а Норвешка отиде најдалеку во набавката на електрични автомобили, каде учеството на овие возила во продажбата на нови автомобили во 2020 година беше 54,3 проценти.
Податоците покажуваат дека 4,2 проценти од новите светски возила биле електрични.
Граѓаните на богатите скандинавски земји имаат најголем напредок во купувањето, но предвидувањата се дека наскоро електричните возила ќе станат достапни на граѓаните од другите земји без вообичаените даночни олеснувања и субвенции воведени од владите низ целиот свет.
Норвешка разви национална стратегија за целосно искоренување на продажбата на бензински и дизел автомобили како нови возила во земјата најдоцна до 2025 година.