СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Си Џинпинг повика на поголема улога на Г-20 во глобалното економско управување

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска го повика светот да ја зајакне макроекономската координација и да ја зајакне улогата на Г-20 во глобалното економско управување, нарекувајќи го заздравувањето од пандемијата на коронавирус „прилично неизвесно“.

Говорејќи на виртуелната сесија на Светскиот економски форум, традиционално одржуван во швајцарскиот скијачки центар Давос, Си рече дека глобалните економски изгледи остануваат неизвесни и предупреди дека во иднина може да се повторат кризи во јавното здравство.

Си, кому ова му е прво обраќање на форумот од 2017 година кога тој силно ја поддржа слободната трговија и глобализацијата, овој пат испрати слична порака, залагајќи се за мултилатерализам како излез од сегашните предизвици.

„Треба да изградиме отворена светска економија … да ги отфрлиме дискриминаторските стандарди, правила и системи и да ги срушиме бариерите за трговија, инвестиции и размена на технологија“, рече тој.

Г-20, меѓународен форум што ги обединува 19-те најголеми економии во светот и земјите во подем и Европската унија, треба да се зајакне како „голем форум за глобално економско управување“ и светот треба „подобро да се координира во макроекономската политика“, додаде тој.

Меѓународната заедница треба да се раководи според правилата и консензусот на сите земји, а не од една или повеќе од нив да издаваат наредби, заклучи Си, без да именува ниту една земја.

Поврзани вести

Скок од 300%: Каде најмногу се извезуваат македонски маски, скафандери и друга заштитна опрема

msp-admin

Google донесе радикална одлука: Дали засекогаш ја менува индустријата за дигитално рекламирање?

Влатко Зорба

Кои земји се најголемите кредитори на САД на крајот на 2019 година?

msp-admin