СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Гејтс: Сиромашните земји ќе добијат вакцини 6 до 8 месеци по богатите

Посиромашните земји се соочуваат со, во најдобро сценарио, заостанување од шест до осум месеци зад побогатите земји во пристапот до вакцини против коронавирус за да се заштити нивното население од пандемијата.

Ова за „Ројтерс“ го изјави Бил Гејтс, кој рече дека светот се соочува со „супер тежок проблем на дистрибуција на вакцини“ што врши голем притисок врз глобалните институции, владите и производителите на лекови.

„Секој политичар е под притисок да лицитира за својата земја со цел да го заземе најдоброто можно место во редот на дистрибуција“, рече Гејтс.

Фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ досега издвои околу 1,75 милијарди долари за глобален одговор на пандемијата на коронавирус, преку средства за иницијативата за дистрибуција на вакцините предводена од Светската здравствена организација, како и преку директна поддршка за развој на вакцини.

Од ГАВИ (Глобална алијанса за вакцини) соопштуваат дека нивната цел е дистрибуција на 2-3 милијарди дози вакцини до крајот на годината, вклучувајќи 1,8 милијарди дози до посиромашните земји без никаков трошок за нивните влади, а се надеваат дека некои испораки ќе започнат следниот месец.

Гејтс рече дека залихите на вакцини преку КОВАКС ќе бидат „скромни“ на почетокот.

„Вкупниот број на дози што ГАВИ (и КОВАКС) ќе ги има во првата половина на годината е сè уште многу скромен. Да, некои дози ќе бидат распределени, но ако споредите кога сиромашните земји ќе достигнат ист процент на покриеност како богатите земји, би рекол дека е во рок од шест до осум месеци“, вели Гејтс.

Додава дека верува дека луѓето што живеат во побогатите земји можат да очекуваат крај на пандемијата и враќање на нормалниот живот до крајот на оваа година, објаснувајќи дека фактот дека тие земји најверојатно ќе вакцинираат помеѓу 70 и 80 проценти од нивната популација.

Поврзани вести

Колку време треба да штедите за да купите недвижен имот во најголемите градови во светот?

Влатко Зорба

Русин го купи најскапиот имот во Флорида за 140 милиони долари

Влатко Зорба

Ги запознаваме ретките болести: Нунан синдром

Влатко Зорба