СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Колку чини замена на батеријата на Tesla Model 3?

Кога станува збор за замена на батеријата на електрични автомобили, ова претставува потенцијално огромна цена за сопствениците на вакви возила. Еден од најголемите стравови што го имаат сопствениците на електрични автомобили е колку чини новата батерија што ги напојува. Во класичните возила со конвенционални мотори, кога зборуваме за батеријата, всушност мислиме на акумулатор, кој дури и кога се троши, се менува релативно лесно и брзо, без претерано високи трошоци.

Но, кај електричните возила, нивната најскапа компонента е самата голема батерија. Додека производителите на е-автомобили нудат дарежливи гаранции на нивните производи за да помогнат во ублажување на тој страв, трошоците за замена на батеријата на овие возила надвор од гарантниот период брзо прераснуваат во ноќна мора.

Особено, батеријата за замена за Model 3 на Tesla чини 16.000 долари, пишува „Current Automotive“, повикувајќи се на сметка на компанијата, што тие ја објавија.

Тие посочуваат дека за повеќето електрични возила, гаранцијата за батеријата трае најмалку осум години или 160.000 километри, но исто така може многу нешта да се случи со батеријата, што не се опфатени со гаранцијата. Гаранциите ги покриваат фабричките грешки или мани, но не и штетата што сопственикот на возилото може да ја направи на батеријата, свесно или несвесно.

Сметката на која „Current Automotive“ се повикува е за Model 3 кој со својата шасија удрил во голема карпа. Бидејќи батеријата на возилата на Tesla е во подот на возилото, ударот ја оштетил и батеријата повеќе не работела. Тој автомобил бил скоро мртов по пристигнувањето во сервисната станица на Tesla, а ударот на каменот беше окарактеризиран како штета предизвикана од „други надворешни сили“ и не спаѓа во гаранцијата.

Батериите на автомобилот на Tesla не се само една голема ќелија, туку се состојат од неколку модули, од кои секој има стотици ќелии на батерии. Ако еден модул не откаже, тоа може да предизвика откажување на другите модули.

Малку е бизарно што Tesla, на пример, гарантира запалување на батеријата под гаранција, дури и ако тоа е предизвикано од грешка на корисникот, но сопственикот на Model 3, кој доби сметка од 16.000 американски долари за замена на батеријата, не предизвика пожар на батерија, што би паднало под гаранција.

Поврзани вести

Како да се реши проблемот со отпадот во општините?

msp-admin

Вакцината против корона на „Moderna“ со ефикасност од 95%

msp-admin

Бектеши ја поддржа одлуката за пролонгирање на прогресивното оданочување

msp-admin