СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ford и Google ги здружуваат силите

Ford Motor ќе ги користи софтверот, вештачката интелигенција (ВИ) и облак-компјутерите што ги нуди Google за развој на нови услуги за потрошувачи и модернизирање на внатрешното работење, објавија денеска двете компании.

Како дел од шестгодишниот договор за партнерство, производителот на автомобили, со седиште во Дирборн, Мичиген, го инкорпорира оперативниот систем Android на американскиот технолошки гигант во своите возила „Ford“ и „Lincoln“ почнувајќи од 2023 година, пренесе Ројтерс.

Ford на своите клиенти ќе им понуди вградени апликации на Google, вклучително и мапа и гласовна технологија на компанијата. Исто така, ќе се примени ВИ технологијата на Google за да се подобри ефикасноста во развојот на возилата, синџирот на снабдување и производствените операции, додаваат двете компании.

Ford и Google, исто така ќе формираат група, „Team Upshift“, за истражување на употребата на податоци за развој на нови модели на мало, создавање нови понуди за идните сопственици на возила и други услуги за клиентите на Ford.

Податоците за клиентите на Ford нема да бидат предадени на Google и нивните клиенти, изјави на прес-конференција заменик-претседателот за стратегија на Ford, Дејвид Меклеланд,

Поврзани вести

Коронавирусот создаде перспективно работно место, а диплома не е потребна

msp-admin

Најголемиот светски суверен фонд инвестира скоро милијарда долари во турски компании

Влатко Зорба

„Гартнер“: Глобалните испораки на телефони ќе растат во текот на 2021 година

Влатко Зорба