СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Hyundai се „нечка“ околу производството на Apple автомобил

За почеток, кратка хронологија што доведе до оваа вест. Прво, на крајот на минатата година, неколку информации излегоа на виделина, повторно лансирајќи серија гласини дека Apple навистина планира да развива и произведува автомобили. Потоа, на почетокот на минатиот месец, стана познато дека тие веќе го започнале процесот на потрага по партнери со искуство кои би произведувале автомобили за нив, а после тоа се дозна дека тие дошле најдалеку во преговорите со Hyundai, и дека (веројатно заради овој проект) се одлучиле за внатрешна реорганизација.

Јужнокорејската група тогаш му ја довери работата на составување на иден автомобил на својот член Kia, и тие само чекаа конечно да се договори работата.

Сепак, не оди сè во Hyundai без проблеми како што изгледаше на почетокот. „Ројтерс“ дознава од еден од нивните членови на управувачката структура дека некои носители на одлуки во корпорацијата не се многу задоволни од предлогот на Apple за соработка. Според изворот, копјето се уште се крши, односно се уште не е донесена одлука за вклучување во проектот и начинот на соработка со Apple.

Може ли автомобил да се „склопува“ како iPhone?

„Ние не сме компанија што прави автомобили за другите, а работата со Apple не носи секогаш големи резултати“, е ставот на скептичните струи во Hyundai.

Оваа компанија претходно не сакаше да соработува со други, кои не се дел од нивниот холдинг, а како аргумент за ова се наведува сегашното високо ниво на вертикална интеграција во рамките на концернот. Толку е голем што Hyundai дури поседува фабрики за производство на челик што се користи во монтажа на возила.

Од друга страна, на Apple не му е непозната ваква соработка. Нивниот најистакнат производ iPhone е составуван од подизведувачи како Foxconn од самиот почеток. Сега, се чини, тие се надеваа дека Hyundai (или Kia) може да преземе таква улога во составувањето на возилото, додека тие ќе бидат одговорни за технологијата и набавките на компонентите од повеќе добавувачи. На некои во корејскиот концерн не им се допаѓа тоа.

Други детали за можната соработка и производството на иден Apple Car сè уште се тајна.

Поврзани вести

Штерјова-Душковска: Состојбата во македонската економија е тешка, но не е драматична

msp-admin

Анѓушев: Законот за финансиска поддршка на инвестиции е атрактивен и привлекува голем интерес во светот (ВИДЕО)

msp-admin

Како до стипендија на Меѓународниот балкански универзитет?

msp-admin