СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ryanair со загуба од околу милијарда евра

Авиокомпанијата Ryanair минатата година оствари финансиска загуба од околу една милијарда евра, соопшти управата на компанијата.

Според официјалните податоци, во третиот квартал од минатата година, загубата изнесувала 306 милиони евра, пренесуваат агенциите.

„Во последните три месеци од претходната година беа превезени 8,8 милиони патници, што е за дури 78 проценти помалку отколку во 2019 година, кога беа пренесени 35,9 милиони патници во истиот период“, наведоа од Ryanair, која е нискобуџетна авиокомпанија.

Сепак, Ryanair не планира да ги намали трошоците и се посочува дека профитот по завршувањето на пандемијата на коронавирусот ќе биде исклучителен.

Поврзани вести

Акциите на Tesla нагло ќе паднат, вели познат инвеститор

Влатко Зорба

Рекорден пад на невработеноста во САД во јуни

msp-admin

Полски „ПКН Орлен“ можен купувач на 120 бензински пумпи на „ОМВ“ во Словенија

Влатко Зорба