СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Првата фаза од швајцарскиот закон за блокчејн стапува на сила

Првиот дел од швајцарскиот закон за блокчејн стапи на сила во понеделникот. Уште во септември 2020 година, парламентот на земјата усвои проширена регулаторна рамка за крипто-средства и блокчејн технологии.

Според извештајот на Swissinfo, спроведувањето на новата регулаторна рамка ќе помогне во подобрувањето на просперитетната сцена на криптовалутите и блокчејн во Швајцарија.

Всушност, засегнатите страни во индустријата во земјата ги пофалија проширените финансиски и корпоративни реформи вклучени во изменетото законодавство донесено од парламентот во септември 2020 година.

За Ханс Кун, член на одбор на дигиталната банка SEBA, законот за блокчејн го утврдува местото на Швајцарија во дигиталната економија во развој. Според Кун, регулираното издавање на хартии од вредност базирани на блокчејн укажува на фокусот на земјата кон промовирање на дигитални иновации.

Исто така во понеделникот, Crypto Broker AG објави дека доби лиценца од Швајцарската управа за финансиски пазари или FINMA. Со лиценцата, брокерската компанија, која лани обработуваше трансакции вредни над една милијарда долари, сега може да им понуди на своите клиенти токенизирани хартии од вредност.

Crypto Broker AG сега им се придружува на SEBA и Sygnum Bank како носители на лиценца FINMA.

Со вториот дел од законот за блокчејн во Швајцарија, кој се очекува да стапи на сила во текот на летото, компаниите ќе се обидат да воспостават значително присуство на пазарот за размена на регулирани средства.

Втор дел од швајцарскиот закон за блокчејн ќе опфати значителни подобрувања во инфраструктурата на финансискиот пазар во земјата. Овој дел од блокчејн законот ќе обезбеди правна поддршка за тргување со криптовалути, како и други операции за размена на криптовалути.

Швајцарија сега се приклучува на Лихтенштајн како една од ретките земји што усвои регулативи за полн спектар на крипто-средства и блокчејн кои ги земаат предвид сите главни аспекти на индустријата. Сепак, за разлика од швајцарскиот пристап, со кој се менуваат постојните закони за да одговараат на блкочејн пазарот, Лихтенштајн создаде нова законска рамка за криптосферата.

Поврзани вести

Се манипулира ли крипто-пазарот од Bitcoin „китовите“?

Влатко Зорба

Пензиските фондови активно инвестираат во Bitcoin преку Grayscale

Влатко Зорба

Турција забранува употреба на криптовалути од 30 април

Влатко Зорба