СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Мексиканската дијаспора испратила дома рекордни 40 милијарди долари

Мексиканските мигранти, кои претежно се наоѓаат во САД, минатата година испратиле дома рекордни 40,6 милијарди долари, и покрај пандемијата на коронавирус, објави Централната банка на Мексико.

Тоа е за 11,4 проценти повеќе отколку во 2019 година, кога вкупните пратки изнесуваат 36,4 милијарди долари, пренесува Гласот на Америка.

Мигрантите испраќале пари во Мексико со парични трансакции „дознаки“, а месечниот рекорд бил во март, кога испратиле четири милијарди долари.

Другите земји забележаа пад на дознаките во 2020 година поради загуби на работното место или намалено работно време како резултат на пандемијата.

Со оглед на големиот пад на вредноста на мексиканската валута, пезосот, дознаките во долари ќе бидат уште позначајни оваа година.

Поврзани вести

„Не сте добар водач, ако мислите дека сте најдобри и никој друг не е добар“

Влатко Зорба

Гарсоњера која е толку мала, што креветот е над софата, се продава за 150.000 евра!

Влатко Зорба

Што е економија на досада и како ги обликуваше нашите животи за време на пандемијата?

Влатко Зорба