Минатата година му донесе многу предизвици на светот, а основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс зборува за книгите што му помогнале да зајакне во 2020 година и да биде поподготвен за 2021 година.
Тој издвои пет книги за кои вели дека се откровение.
На прво место е „The New Jim Crow“, книга во која се зборува за тоа како системот на кривичната правда на САД се однесува неправедно со Афроамериканците.
Другата книга што ја препорачува Гејтс е „Range: Why Generalists Triumph in a Specialized World“, а ова четиво е бестселер број 1 на „Њујорк тајмс“.
„The Splendid And The Vile“ на Амазон чини околу 18 американски долари и зборува за Британците, Германците. Случувањата во книгата се поставени во 1940/41 година.
На четвртото место е „The Spy and the Traitor“, одличен трилер. Минатата година беше секако драматична, но 1983 година беше предизвикувачка и на повеќе нивоа. Каква политика водеше Роналд Реган?
„Breath from Salt“ си го најде своето место во морето книги што ги чита и сака ко-основачот на „Мајкрософт“. Оваа книга е навистина поучна. Ја бележи приказната за исклучителна научна иновација и како ги подобрила животите на скоро сите пациенти со цистична фиброза, пишува „Бизнис Телеграф“.