СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Економисти во Белата куќа: Мрачните проценки за невработеноста бараат итна акција

Проблемот со невработеноста во Соединетите Американски држави бара итни мерки и придобивките што ќе ги донесат ќе ги надминат трошоците, предупредуваат водечките економисти од Белата куќа.

Последните податоци од американскиот пазар на труд покажуваат дека бројот на невработени во САД продолжува да расте – минатата недела 779 илјади граѓани аплицираа за надоместоци за невработеност, соопшти денеска Министерството за труд.

Неделата пред тоа, 812.000 Американци поднесоа барање за надоместок.

Оваа недела, независниот економски институт ЦБО ги подобри своите предвидувања за економијата на САД, предвидувајќи дека ќе се зголеми за 4,6 проценти оваа година, откако падна за 3,5 проценти во 2020 година.

Тие, сепак, предупредија дека бројот на вработени во САД нема да се врати на нивото на пред-пандемијата пред 2024 година.

Нивните нови проценки за невработеноста се сепак подобри отколку што беа во јули минатата година – стапката на невработеност се очекува да падне на 5,7 проценти оваа година, од 8,1 процент во 2020 година. Во јули, ЦБО очекуваше дека во 2020 година ќе изнесува 10,6 проценти, а ќе се лизне на 8,4 проценти во 2021 година.

„Мрачните“ предвидувања на ЦБО дека седум милиони граѓани ќе бидат без работа во 2021 година ја нагласуваат потребата за итно усвојување на план за поттик од 1,9 трилиони американски долари од страна на претседателот Џо Бајден, предупредуваат двајцата членови на Советот на економски советници во Белата куќа.

„Ако седиме со скрстени раце, ќе платиме многу повисока цена отколку ако преземеме агресивна акција“, напишаа Џеред Бернштајн и Хедер Буши во блог пост.

„Не треба само да чекаме економијата за неколку години ќе се врати на целосно вработување и нивоата што се очекуваа пред пандемијата“, рекоа Бернштајн и Буши.

Тие исто така потсетуваат дека цената на агресивните мерки во моментов е ниска, со оглед на историски ниските реални каматни стапки и реалните плаќања на должничките обврски измерени со учеството во БДП.

Министерката за финансии Џенет Јелен повеќепати испраќаше слична порака во разговор со шест градоначалници од различни делови на земјата, од редовите на демократите и републиканците.

Таа ја повтори потребата да се прифати предлогот на Бајден за голем стимулативен пакет за економијата што вклучува 350 милијарди помош за државната и локалната власт.

„Придобивките од итните – и амбициозни – мерки ќе бидат далеку поголеми од трошоците на долг рок“, рече Јелен пред градоначалниците, според соопштението на Министерството за финансии.

Во последната голема економска криза, федералната влада не им помогна доволно на државните и локалните самоуправи и резултатот беше остри кратења на инфраструктурата и образованието, што на крајот го ослабна пазарот на трудот и го поткопа поширокото економско закрепнување, им рече министерот за финансии.

Некои ги толкуваа проекциите на ЦБО како знак дека официјалните лица на САД можат да чекаат со дополнителен фискален стимул, за да се осигурат дека се навистина потребни.

Бернштајн и Буши ги расфрлаат овие сомнежи, нагласувајќи дека е неопходна итна акција за да се избегне штетата предизвикана од подолг период на висока невработеност и да се реши непропорционалното влијание на кризата врз жените и ниско платените работници

Без дополнителни фискални мерки, пазарот на трудот во САД ќе закрепне премногу бавно, а економската активност нема да се опорави како што се очекуваше пред пандемијата, напишаа тие во блогот.

„Знаеме дека враќањето на целосно вработување што е можно поскоро ќе донесе голема промена на подобро за десетици милиони луѓе, особено за најранливите“, забележуваат тие.

Поврзани вести

Од вечерва на полноќ ќе може да се аплицира за бескаматните кредити

msp-admin

6 бизнис идеи за кои не ви требаат многу пари

msp-admin

Фолксваген ќе укине 4.000 работни места во Германија

Влатко Зорба