СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Доларот се претвора од засолниште во ризична валута

Доларот се претвора од засолниште во ризична валута, бидејќи се зголемуваат надежите за економско закрепнување на САД.

Bloomberg Dollar Spot Index објави најсилен раст од октомври оваа недела. Покрај тоа, индексот порасна во тандем со глобалните акции по три недели движење наназад. Сега нивната инверзна корелација ослабе на минус 0,46 поени по врвот од минус 0,73 поени во јули, објави Bloomberg.

Изгледите за поголеми стимулации од администрацијата на претседателот Џо Бајден, зголемувањето на приносот на државните обврзници и ширењето на вакцините придонесоа за поскапување на доларот. Ова е остар пресврт, откако зголемувањето на цените на активата и падот на реалните приноси предизвика пад од 5,5% на вредноста на американската валута минатата година.

„Се чини дека доларот е преценет, но оптимизмот за валутата е силен“, рече Тошија Јамаучи, главен стратег за валути во Ueda Harlow Ltd. во Токио. Трговците „ги игнорираат лошите катализатори на доларот и ги прифаќаат само добрите“, рече тој.

Bloomberg Dollar Spot индексот се зголеми за 0,8% оваа недела, додека MSCI ACWI порасна за 3,8%.

Доларот се искачи над просекот од 200 дена во однос на јенот, кој често се користи за финансирање на т.н. „carry trades“ (стратегија за тргување, која вклучува позајмување со ниски каматни стапки и инвестирање во средство што обезбедува повисока стапка на принос – н.з.), за прв пат од јуни во петокот. Американската валута исто така го надмина просекот од 100 дена во однос на јужнокорејскиот вон.

Поврзани вести

Кои ќе бидат најпосакувани градови за живеење во постпандемискиот свет?

msp-admin

Големиот победник од епидемијата со коронавирусот – игрите за мобилни телефони

msp-admin

Штериев: Имаме вредни и мотивирани млади претприемачи, недостасува инфраструктурира

msp-admin