СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Биткоин дотурка до 48.000 долари

Цената на биткоинот продолжи да расте синоќа и во вторникот наутро, достигнувајќи нов рекорд и за прв пат еден биткоин вредеше 48 000 американски долари.

Новите вложувања на инвеститорите во најпознатата и најважна криптовалута во светот беше предизвикана од веста дека компанијата Тесла купила биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари.

Како што наведоа, тие сакале да обезбедат поголема флексибилност и да ги максимизираат своите приходи, според Комисијата на хартии од вредност на САД (SEC).

Исто така, Тесла објави дека ќе овозможи употреба на биткоин како начин на плаќање при купување на нивните производи.

По оваа објава, вредноста на биткоинот скокна дури 10,96 проценти – на 43.200 долари, растот продолжи и после тоа. објави „Телетрејдер“.

Биткоинот зајакна неверојатни 23,93 проценти за 24 часа и се продаваше за 48.049,91 американски долари во 2:03 часот по источно време.

Во моментов на пишувањето на материјалот, биткоин се тргува за 46,969 долари.

Поврзани вести

Хакери со малвер напаѓаат корисници на криптовалути

Влатко Зорба

BlackRock започна да тргува со биткоин фјучерси

Влатко Зорба

Apple принуден да ги врати полначите прикупување нов iPhone во Бразил