СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Итно ажурирање на Windows 10 против „сини екран на смртта“

Microsoft објави итна надградба на Windows 10, дизајнирана да поправи грешка од најновите ажурирања на системот, што може да доведе до појава на т.н. „син екран на смртта“ (BSOD).

Недостатоци во ажурирањата на Windows 10 објавени во јануари и февруари годинава предизвикуваат проблем што многу корисници го виделе на своите компјутери – компјутерот престанува да работи и прикажува „син екран на смртта“.

Microsoft сега започна со дистрибуција на непланирано ажурирање за „итни случаи“ на Windows 10. Неговата цел е да ги исправи грешките во последните две закажани ажурирања на оперативниот систем што резултираат со BSOD при користење на безжична врска Wi-Fi заштитена од WPA3.

Microsoft го потврди проблемот со „мал број уреди“ кои имаат инсталирано ажурирања KB4598298 и KB4601315 во јануари и февруари. Покрај тоа, Microsoft информира дека „синиот екран на смртта“ може да се појави откако компјутерот ќе се разбуди од сон или хибернација.

Ажурирањето за „итни случаи“ е со број KB5001028 и не предизвикува никакви промени, освен отстранување на проблемот со BSOD. „Закрпата“ се дистрибуира специјално на погодените корисници.

Поврзани вести

Huawei продаде 100.000 паметни телефони Mate 30 5G за една минута

msp-admin

Apple може да го лансира својот прв уред со mini-LED дисплеј следната година

msp-admin

АјФон падна од авион и остана недопрен (ВИДЕО)

msp-admin