Барањата за ефикасност при работа создадоа заблуди за тоа што навистина значи продуктивен работен ден, поради што многу луѓе мислат дека зафатеноста е исто што и продуктивноста.
Разлики помеѓу продуктивни и зафатени луѓе
Зафатените луѓе имаат тенденција да вклопат што е можно повеќе работи и задачи во нивниот ден. Продуктивните луѓе намерно и планираано ја намалуваат својата листа на обврски за 50 проценти, пишува Бизлајф.
Зафатените луѓе сметаат дека треба да се направат повеќе работи во вообичаените осум или девет часа поминати на работа. Тие ставаат премногу задачи на нивната листа на обврски за да ги одложат повеќето од нив за следниот ден. Продуктивните луѓе многу добро знаат дека не им требаат 40 задачи на списокот што треба да се направат. Тие земаат помалку и ги извршуваат само оние најважните задачи.
Зафатените луѓе „скокаат“ на секоја задача. Продуктивните луѓе ја знаат разликата помеѓу „итно“ и „важно“
Зафатените луѓе го поминуваат поголемиот дел од своето време на работа „гаснејќи непотребни пожари“ затоа што се заслепени од итни грижи на работа кои во суштина не се толку важни. Во која било компанија, многу работи можат да бидат означени како итни, но тоа обично го одредува вашиот колега или шеф кој очекува одговор што побрзо.
Екстремно продуктивните луѓе знаат да разликуваат итни задачи од важни задачи. Тие се фокусираат на тоа што е важно, наместо да го поминуваат своето работно време обидувајќи се да завршат разни итни задачи.
Зафатените луѓе се секогаш расеани. Продуктивните луѓе создаваат систем
Зафатените луѓе со текот на годините развиле навики кои ја убиваат продуктивноста. Тие присилно ја проверуваат е-поштата во текот на денот и излегуваат од колосек секогаш кога ќе им заsвони телефонот. И овие практики всушност можат да го забават мозокот.
Неодамнешна студија на Кралскиот универзитет во Лондон откри дека компулсивната нервоза околу е-поштата може да доведе до пад на 10 IQ поени. Постојано префрлување помеѓу работни задачи и одговор на е-пошта, исто така, ја менува структурата на вашиот мозок, што доведува до помала можност за фокусирање.
Од друга страна, продуктивните луѓе создаваат систем за дури и најобични задачи, како што е проверка на нивната е-пошта. Тие посветуваат одредено, кратко време на проверка на е-пошта, за да можат повеќе да се концентрираат на она што е потребно за да се исполнат нивните цели за тој ден, пишува „Бизлајф“.
Зафатените луѓе извршуваат повеќе задачи истовремено. Продуктивните луѓе се фокусираат
Зафатените луѓе се обидуваат да направат 15 работи одеднаш. Неколку прозорци и документи се отворени на нивниот компјутер додека тие постојано го проверуваат својот календар.
Продуктивните луѓе се фокусираат на извршување на задачите што се најважни што е можно поефикасно. Тие ефикасно извршуваат повеќе задачи комбинирајќи помалку важна задача со важна задача. На пример, високо продуктивна личност води белешки за идеи за потенцијален проект додека чека состанок на одбор. Продуктивните луѓе се исто така свесни дека треба да извршуваат повеќе задачи само ако може да се направи друга помалку важна работа со малку енергија.
Зафатените луѓе се залепени на своите бироа. Продуктивните луѓе знаат кога да направат пауза
Зафатените луѓе ретко прават паузи, тие всушност ги мразат паузите мислејќи дека се за мрзливи. Тие исто така се фрустрираат кога ќе видат продуктивни луѓе кои се чини дека го имаат цело време во светот и кои всушност уживаат во својата работа. Продуктивните луѓе знаат кога да си дадат момент да се одморат. Тие прават паузи одејќи на прошетка додека ја слушаат омилената музика, гледаат кратко смешно видео, медитираат или одат на ужина. Тие знаат дека ќе бидат попродуктивни кога ќе го остават мозокот да мирува од неколку долги часови работа.