СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Ќерката на Бил Гејтс: Жал ми е што не ми ставија чип во вакцината

Џенифер Гејтс, најстарата ќерка на коосновачот на Мајкрософт – Бил Гејтс, се пошегува со теориите на заговор за тајната инсталација на чипови во телото кога се вакцинира против КОВИД-19 по нејзината имунизација.

Таа на својот Инстаграм напиша: „За жал, вакцината не го всадува мојот генијален татко во мозокот – само да имаше!“.

Џенифер експлицитно појасни дека и било понудено да се вакцинира затоа што студира на Медицинскиот факултет во Медицинскиот центар Монт Синај и е во приоритетната група.

Нејзиниот 65-годишен татко беше имунизиран против коронавирусот во јануари, но никогаш не откри која вакцина е првата примена доза.

Во светот се рашири теорија дека милијардерот Бил Гејтс е виновен за избувнувањето на пандемијата, и дека тој ќе вгради чипови во светската популација за да ја контролира.

Поврзани вести

Погребниците во Калифорнија ПРЕПОЛНИ со работа, ОДБИВААТ погреби

Влатко Зорба

Невообичаен гест: Хрватски претприемач изгради станови за своите работници

Влатко Зорба

Грчкиот премиер оптимист за туристичката сезона

Влатко Зорба