СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Европски земји заинтересирани за изградба на „Северен тек 2“

Гасоводот „Северен тек 2“ ќе се гради и покрај деструктивните чекори на Вашингтон насочени кон попречување на овие напори, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак. Во интервју за телевизијата Русија 1, тој рече дека европските земји се заинтересирани за гасоводот.

„Сигурни сме дека ќе биде изграден и покрај деструктивните пристапи што ги видовме во Соединетите држави, што го одложи спроведувањето на овој проект“, рече Новак, пренесува ТАСС.

Според него, овој проект е целосно во согласност со европските закони.

„Тука постои ривалство охрабрено од американските партнери, кои сакаат да ја снабдуваат Европа со течен природен гас, и ова се во основа непазарни методи на конкуренција“, изјави Новак.

Тој посочи дека гасоводот е изграден 95 проценти.

Поврзани вести

„АТС Гроуп“ донира 500.000 заштитни маски и 20.000 тестови за Ковид 19

msp-admin

Регистрирани 9.075 слободни работни места, се бараат работници во услужните дејности и продажбата

„Тесла“ ги намалува платите

msp-admin