Етикетата „Произведено во Германија“ и понатаму има своја маркетинг моќ, сметаат од Порше, чие раководство не ни помислува да пренесе дел од производството во азиските земји.
Според „Фајненшл тајмс“, германскиот производител на спортски и луксузни автомобили ја отфрли можноста за изградба на фабрика во Кина, нејзиниот најголем и најпрофитабилен пазар, и покрај проблемите со задоволување на побарувачката во Азија на крајот на минатата година.
– Постои аргумент за квалитет и врвно чувство за понатамошно производство во Европа за Азија – изјави извршниот директор Оливер Блум за „ФТ“.
– Денес нема смисла да се сели производството – додаде тој.
Легендарен дизајнер на „Порше“ ќе работи на автономниот автомобил на „Епл“
Неговиот став е во остра спротивност на размислувањето на другите германски брендови за луксузни автомобили, како што се Ауди, БМВ и Мерцедес. Тие се повеќе произведуваат возила локално за кинескиот пазар, најмногу преку заеднички вложувања со кинески партнери.
На пример, првиот човек на Дајмлер, Ола Калениус, минатата година рече дека „ѕвездата од Штутгарт“ нема да ги прошири производствените капацитети во Германија, каде трошоците за работна сила се високи, но наместо тоа ќе инвестираат во Кина.
Сепак, Оливер Блум – кој е исто така член на управниот одбор на сопственикот на Порше, Фолксваген – тврди дека се исплати да се согласи на повисоки трошоци за работна сила поради брендот „Произведено во Германија“.
„Тоа е исто така повратна информација што ја добиваме од нашата продажна мрежа и нашите клиенти“, вели Блум.
Бидејќи продава скапи автомобили, Порше учествува во годишната добивка на Фолксваген со дури 40 проценти. Кинескиот пазар од година во година станува сè поважен за овој производител.
– Пред само 10 години, Порше продаваше помалку од 100.000 автомобили ширум светот. Сега продава 90.000 возила само во Кина, објаснува Арндт Елингхорст, аналитичар во Бернштајн.
Минатата година Порше продаде 270.000 од своите шест модели. Третина од годишното производство на Порше се продава во Кина, а тој пазар беше единствениот меѓу големите каде компанијата забележа раст за време на пандемијата во 2020 година.