СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Патент на OnePlus го навестува дизајнот на идниот часовник на компанијата

Веќе некое време знаеме дека OnePlus развива свој паметен часовник. Во меѓувреме, патенти на компанијата ни кажуваат како може да изгледа. Во овој случај, уредот има кружен дисплеј и интересни каишки.

Првиот се чини дека е поспортски со систем за прицврстување сличен на оној на некои фитнес нараквици. Сосема е веројатно дека станува збор за силикон.

Другата верзија може да биде направена од кожа, и тука системот за прицврстување е прилично необичен, бидејќи има и дополнителна плоча.

Куќиштето на часовникот има две хардверски копчиња на десната страна од екранот и дел со сензори и пинови за полнење на дното.

Поврзани вести

Истекоа дел од спецификациите на Kirin 1020 и Kirin 820

msp-admin

Гејтс ја отвори душата: „Бев неверојатно љубоморен на Џобс“

msp-admin

LG го развива флексибилниот дисплеј за Apple

Влатко Зорба