Стандард
ТЕХНОЛОГИЈА

Гејтс ја отвори душата: „Бев неверојатно љубоморен на Џобс“

За време на неодамнешно интервју, Бил Гејтс отворено изјави дека односот на јавноста кон големите техно компании мора да биде многу поостар и дека верува оти тие „заслужуваат“ надзор сличен на оној за време на сослушувања пред Конгресот.

Тој исто така оцени дека Стив Џобс е „генијалец“.

„Ако сте успешни како што сум јас или некој од тие луѓе, заслужувате тешки, непристојни и нечесни прашања“, изјави основачот на „Мајкрософт“, пренесе The Verge, додавајќи:

„Владата заслужува да ти постави тешки прашања “.

За време на разговорот, Гејтс зборуваше и за вакцините и за почетоците на „Мајкрософт“, како и за животот како еден вид „ѕвезда“ и рече дека идејата за техно претприемачи кои се познати и популарни во модерната култура не е нешто на кое е навикнат.

„Да се ​​биде бубалица во еден момент и не толку склони кон социјализација, за да набрзо после тоа бидеме бомбардирани со прашања, е прилично изненадувачка промена“, рече Гејтс.

Тој зборуваше и за неговиот поранешен ривал, Стив Џобс, и иако смета дека тој бил многу „потежок“ од него, наведе дека се восхитува на неговиот настој и реформата на „Епл“ откако се врати во компанијата.

„Џобс беше генијалец, особено ако земеме предвид сè што направи кога се врати во „Епл“… никој не можеше да го стори она што го направи тој. Јас сигурно не“, призна Гејтс.

„Тој навистина беше волшебник кога стануваше збор за мотивирање на луѓето. Искрено, бев неверојатно љубоморен“, призна тој.

Гејтс дури ги спомна и неговите недостатоци, како што се недостаток на социјални вештини и (низ шега) недостаток на кулинарски знаења и недоволно познавање на странски јазици.

Поврзани вести

Пристигна Zoox – автономното возило на Amazon (ВИДЕО)

msp-admin

Зошто интернет прелистувачот на „Мајкрософт“ се однесува чудно во последно време?

msp-admin

GoPro Hero8 Black носи многу интересни подобрувања (ВИДЕО)

msp-admin
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!